Најоткачената фотка од Белата куќа - Обама, што, кој?
Можеби за некои претставува посебна чест и исклучителен момент посетата на американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа, но за децата тој е само обичен човек.
Многупати се докажало дека децата се најприродни и најискрени во светот, па нема зошто да глумат нешто што не сакаат. Го прават само она што им е забавно и го кажуваат она што го сакаат без разлика во чие присуство се.
За време на посетата на еден агент од тајната служба на САД заедно со неговата сопруга и синчето, во кабинетот на Обама, додека возрасните се поздравувале и изразувале задоволство од средбата, на детето му било досадно, па си се превртувало на еден од каучите во собата.
Ова е една од најинтересните и најпопуларните фотографии кои се направени и кои сигурно ќе му останат посебен спомен кога ќе порасне.
Би можело да ве интересира:





