6 причини зошто секогаш треба да имате пиво во фрижидер

Популарниот пијалак од јачмен и хмељ не служи само за разладување во жешките денови, туку знае и да ги реши ситните проблеми низ домот.

6-pricini-zosto-sekogas-treba-da-imate-pivo-vo-frizider-01.jpg

Еве зошто во секој момент треба да имате шише пиво во фрижидерот:

1. Пивото ги заштитува билките од полжави. Доволно е во мал сад да истурите малку пиво, да го распоредите насекаде низ дворот и да го оставите преку ноќ. Наутро ќе ги забележите сите полжави кои не можеле да му одолеат.

2. Ослободете се и од мушичките кои ви ја опседнуваат чинијата со храна. Во чаша истурете малку пиво и затворете го со проѕирна фолија. Направете мал отвор во фолијата. Аромата на пивото ќе ги привлече мушичките кои подоцна нема да може да излезат од чашата.

3. Вашите билки, но и зеленчуци и овошја кои ги имате во дворот го обожаваат шеќерот кој се наоѓа во пивото. Од таа причина, тоа е идеално ѓубриво.

4. Пивото е одлично за полирање на златниот и сребрениот накит. Со памучна крпа навлажнета со пиво вратете им го сјајот на омилените обетки, бразлетни и огрлици.

5. Пивото кое испарило е одлично средство за полирање на дрвениот мебел. Доволно е да истурите малку на памучна крпа, а потоа да ги пребришете сите полици, столчиња и маси.

6. Отстранете ги флеките од кафе или чај така што ќе ги натопите со малку светло пиво. Почекајте барем 1 час, па потоа исперете ја облеката или ткаенината на стандарден начин.

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg