5 грешки кои веројатно ги направивте во последните 2 часа

Денот штотуку започна, а вие веќе западнавте во неколку замки кои му пречат на вашето тело.

5-greski-koi-verojatno-gi-napravivte-vo-poslednite-2-casa-01.jpg

Еве на што треба да внимавате додека седите на столчето во канцеларија:

1. Се допирате по лицето

Луѓето не можат да престанат да се допираат по лицето, а некои статистики покажуваат дека човекот се допира во просек по 4 пати во само 1 час. Се прашувате во што е проблемот? Јавните површини се преполни со бактерии. Додека прстите ги допирате до бирото, а потоа на лицето, ја зголемувате можноста од развивање на болести или непријатни иритации на кожата.

2. Не станaвате од столчето

Седечкиот начин на живот го зголемува ризикот од дебелеење, дијабетес и кардиоваскуларни заболувања. Проблемите со карлицата се уште еден голем проблем. Сакате да го спречите ризикот од се ова? Станете на секој половина час и растегнете се. Секои 60 минути на кратко протегнете ги нозете и прошетајте 2-3 минути.

3. Грицкате пред компјутер

Имате обичај да јадете залепени за екранот на компјутерот? Не сте ни свесни дека во организмот внесувате двојно повеќе калории, за разлика од луѓето кои јадат надвор од канцеларијата. И додека сметате дека јадењето и работата на компјутер е мултитаскинг, вашето тело не го мисли истото.

4. Ги триевте очите

Честото триење и чешање на очите е поврзано со болести и инфекции, па оваа навика со текот на времето може да ве доведе до носење на очила или леќи. А, ако веќе носите леќи и дополнително ги триете очите, уште посилно му наштетувате на видот.

5. Го притискавте мочниот меур

Од големата презафатеност не стигнавте до тоалетот? Повременото стискање на меурот е нормално, но ако тоа ви прерасне во навика, ќе станете подложни на уринарни инфекции кои подоцна се комплицираат и предизвикуваат болки во долниот дел од стомакот.

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg