Момче и девојка патуваат и меѓусебно се фотографираат од спротивна перспектива
Питер Седлачик и Зузу Галова се досетиле на уникатен начин за забележување на нивните фотографии од патувањата низ светот.
Направиле фотопроект „Објективите помеѓу нас“ кој се состои од кадри додека патуваат и се сликаат меѓусебно.
Серијалот опфаќа фотографии кои тие ги прават еден од друг застанати спротивно и ја доловуваат оддалеченоста, но и позицијата од која другиот фотографира, а истовремено го покажуваат истото место од различна перспектива.
Преку нивните фотоапарати може да ги видите музеите од една и плоштадите од друга страна или плажите и морињата, планините и патиштата. Може да ги запознаете Сингапур, Португалија, Германија и Австралија.
Она што дополнително го обележува проектот како нешто посебно е тоа што тие се секогаш во главниот фокус без разлика што се наоѓа околу нив.
Погледнете како изгледа светот од две спротивни страни: