Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Чудесни моќи на бебешката пудра: Корисна и евтина помош во многу ситуации

Бебешката пудра може да ви помогне во разни ситуации и прилики. Од отплеткување синџирчиња, отстранување дамки, па до продолжување на трепките, овој мирислив прав решава многу проблеми.

cudesni-moki-na-bebeskata-pudra-korisna-i-evtina-pomos-vo-mnogu-situacii-01

1. Заплеткани синџирчиња

Кога ќе ви се заплетка синџирчето , на јазолот посипете малку бебешка пудра и доволна ќе ви биде само игла за да го поткачите и отплеткате.

2. Стар мебел

Ако ви пречи специфичниот мирис кој го испушта стариот мебел, може само малку пудра да наросите во фиоките и ќе исчезне.

3. Мрсна коса

Многу шампони за суво миење на косата содржат скроб, а сличен ефект има и пудрата за бебиња. Посипете малку пудра на рацете и истријте ја косата. Пудрата ќе ја впие маснотијата.

4. Леплива постелнина

Ако не сакате да легнете во кревет кој во летните ноќи е некако леплив, посипете пудра на постелнината, ќе ја впие потта и нема толку брзо да ви се затоплува креветот.

cudesni-moki-na-bebeskata-pudra-korisna-i-evtina-pomos-vo-mnogu-situacii-1.jpg

5. Карти

Ако сакате покер или играње карти, но тие ви се лепат на прстите или една со друга, истурете малку од пудрата на местото каде што стојат и размешајте ги.

6. Мравки

Истурете бебешка пудра на патот по кој се движат мравките  и брзо ќе се откажат бидејќи не поднесуваат силни мириси.

7. Мрсни дамки

На облеката на која ви капнала капка масло, ставете малку пудра пред да ги ставите за перење. Така, пудрата ќе ја впие маснотијата.

8. Ракавици за миење садови

Ако тешко ги навлекувате гумените ракавици за садови, посипете малку од оваа пудра во нив.

cudesni-moki-na-bebeskata-pudra-korisna-i-evtina-pomos-vo-mnogu-situacii-3.jpg

9. Патос, паркет или ламинат кој крцка и чкрипи

Ако подот ви крцка или чкрипи, во фугите сипете од бебешката пудра и ќе го решите проблемот.

10. Песок на нозете

Ако сте на плажа и ви пречи песокот на нозете пред да одите дома  намачкајте ги стапалата со пудра и песокот ќе се исчисти.

11. Трепки

Нанесете малку пудра на трепките пред да ставите маскара и ќе видите како наеднаш ќе ви изгледаат издолжени.

12. Ако ви се потат нозете...

Ако ви се потат нозете, посипете малку пудра во обувките и нозете нема ниту да ви се потат ниту да ви се лизгаат.

cudesni-moki-na-bebeskata-pudra-korisna-i-evtina-pomos-vo-mnogu-situacii-2.jpg

Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
10 ситуации кога луѓето се соочиле со безобразни личности (кои немаат грам срам) Ве иритира ли кога ќе позајмите нешто и ќе ви го вратат оштетено? Или кога еден ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg