Интересни, непознати факти за вкусните зрна кафе
Ако сакате кафе и знаете дека има магично дејство врз вас секое утро, овие неколку интересни откритија ќе ви ги разјаснат сите мистерии на овој прекрасен, црн, ароматичен пијалак.
Кафето содржи хранливи материи неопходни за живот
Секако, овие хранливи материи се наоѓаат и во друга храна, но добрата вест е дека имате здравствени придобивки од секоја испиена шолја кафе. Една шолја кафе содржи 11% витамин Б2, 6% витамин Б5, 3% манган и калиум, а 2% магнезиум. Кафето без шеќер помага во согорување на мастите, а може и да го зајакне метаболизмот до 11%.
Леденото кафе е поскапо затоа што има повеќе состојки
Ресурсите потребни за подготовка за ледено кафе се побројни од оние за топлата. Зрната кафе наменети за студено подготвување настануваат на поинаков и покомплициран начин, па затоа една чаша студено кафе е речиси двојно поскапо од топла шолја кафе.
Кофеинот содржи кристали
Многу мал дел од кофеинот содржи кристали, благодарение на кои имаме значително зголемена енергија.
Пред да се соберат, зрната кафе се во вид на црвени топчиња
Верувале или не, пред да се набере кафето изгледа слично со рибизлите. Црвените крупни топчиња подоцна создаваат зрна кафе.
Кафето делува многу брзо
Од моментот кога ќе ја испиете првата голтка кафе, потребни ви се само 10тина минути за да го почувствувате дејството.
Кофеинот го подобрува дејството на вашите вежби
Кофеинот го зголемува нивото на адреналин и помага во согорување на мастите, што доведува до подобра физичка кондиција. Затоа, испијте едно кафе неколку минути пред тренингот.