6 причини заради кои е добро да имате машки пријател

Секако дека не постои ништо повредно од женските пријателства, но на секоја жена понекогаш и е потребен машки совет.

6-pricini-zosto-e-dobro-da-imate-maski-prijatel-1

Машките пријателства се далеку поразлични од женските, па дури и честопати тие важат за посилни и поцврсти пријателства.

Иако се вели дека пријателствата меѓу машките и женските често се неуспешни, овие неколку причини го тврдат токму спротивното:

1. Машка перспектива- Вашиот пријател ќе ви помогне подобро да го разбирате однесувањето на момците кои ви се допаѓаат. Машкото мислење ќе ви биде од голема помош и помалку време ќе губите на размислување за постапките на вашето момче.

2. Опуштен однос- Жените за разлика од мажите, се повеќе емотивни и драматични, а тоа често се пренесува и на нивните пријателства. Мажите не знаат за драматичност и односот со нив ќе ви биде релаксиран.

3. Искреност на прво место- Жени често умеат да ја скријат вистината, а мажите не се толку внимателни и без многу мислење се одлучуваат да бидат искрени.

6-pricini-zosto-e-dobro-da-imate-maski-prijatel-2

4. Заштитник- Со текот на времето кога ќе стекнете обострана доверба, вашиот пријател ќе стане и ваш заштитник кој ќе биде секогаш тука за вас.

5. Критики- Жените понекогаш даваат комплименти само за да дадат комплимент и тоа не мора да значи дека вашата коса навистина изгледа убаво, дека новите чевли или фустанот се прекрасни... Но, вашиот пријател ќе ви даде комплимент тогаш кога навистина тој ќе биде воодушевен од вашата нова фризура, облека, чевли...

6. Запознавање на нови момци- Не само што со вашиот машки пријател полесно ќе запознавате нови момци, туку и ќе бидете во сигурни раце. Вашиот пријател не би ви дозволил да бидете со било кој, тој ќе направи сѐ за вашата среќа.

Имате ли и вие најдобар машки пријател?

Би можело да ве интересира:

8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Момци со брокула фризура, претерани филери и уште 11 трендови од последната декада што на луѓето им ... Дали во последниве години стана тренд да се остава бакшиш за секоја можна услуга...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Судбински средби и нови почетоци – Каква енергија ви носи денешниот датум 11.01? Денес треба да го направите првиот чекор за сите ваши соништа да станат реалност...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg