15 начини на кои си го правите животот потежок од тоа што е навистина

Често знаеме самите да си бидеме најголеми непријатели. Правиме работи кои знаеме дека нема да ни донесат ништо добро, но навиките не ги менуваме.

15-nacini-na-koi-si-go-pravite-zivotot-potezok-od-toa-sto-e-navistina-01

Си го правиме животот потежок отколку што е навистина. Со секоја одлука што ја носиме, иако се трудиме да биде правилниот избор, понекогаш знаеме само да си отежнеме.

За правилно да постапиме во секоја ситуација потребно е барем за момент да размислите. Има премногу работи кои би можеле да ги направите поинаку.

1. Трошите премногу време на неважни работи

Имате само 24 часа во денот кога треба да спиете, да јадете и да го завршите она што треба. Без причина знаеме да го трошиме времето  до последен момент на ситни и неважни работи, мислејќи дека имаме многу време. На крајот, она што треба да биде направено, едноставно мора да го завршите.

2. Потоа сте фрустрирани дека треба да ги завршите работите, жалејќи се дека немате доволно време

Вие, всушност, имавте и повеќе од доволно време, само одлучивте да го потрошите правејќи неважни работи.

3. Јадете брза храна и цело време сте тромави и летаргични

За да ви се свари брзата храна во организмот треба многу време и многу енергија. Тоа ви ја одзема целата сила и не можете ништо друго да правите додека не се ослободите. Ако јадете помали или поздрави оброци ќе се чувствувате многу подобро. Тоа се мали промени, но прават големи разлики.

4. Не вежбате, па многу потешко ви е да се натерате да почнете

Треба да вежбате, да се движите. Ако не вежбате, телото нема да ви функционира правилно. Не мора да правите екстремни вежби и да се подготвувате за натпревари, но некои полесни, неколку пати неделно, се неопходни за секого.

5. „Заглавувате“ секој викенд, па ви треба цела недела да се вратите во нормала до следниот

Во ред е да излезете на пијачка, но не се воздржувајте до викендот, ако го сакате тоа и претходно. Нема потреба да наплатите сè во еден ден и потоа да не знаете каде се наоѓате и да ги поминете следните денови со мачнини.

6. Спиете до доцна за време на викендите и си го нарушувате целиот биоритам

Во ред е да поспиете малку повеќе од работните денови, но станувањето во 2 попладне не е воопшто добро за вас. Покрај тоа, го нарушувате и сонот и спиењето на кое треба да се вратите за само 2 дена и да станувате многу порано.

7. Не спиете доволно или спиете под некакво влијание

Лесна дрога, алкохол, апчиња... можеби ви се потребни пред спиење и прават побрзо да заспиете, но тоа не значи дека спиењето ќе ви биде убаво и дека ќе се разбудите свежи и наспани.

8. Се дружите со луѓе кои не придонесуваат ништо добро во вашиот живот

Сите имаме по некој таков пријател кој повеќе ни пречи или ни ја одзема енергијата, отколку што прави да се чувствуваме подобро. Важно е да ги одберете луѓето околу себе и да не се плашите да ги изгубите оние кои само ви пречат.

9. Не ги одржувате контактите со луѓето

Важно е да знаете да ги одржувате контактите со луѓето, а не само да ги чувате на некој список. Контактирањето и комуникацијата ги одржуваат врските и односите кои ве поврзуваат со луѓето.

10. Работите нешто што знаете дека не би требало да го работите

Можеби си ја мразите работата, но треба да најдете начин за да уживате барем малку. Ако не е тоа што сакате да го правите, тогаш зошто го правите? Сигурно имате и друг избор, но треба да си дозволите да направите промена.

15-nacini-na-koi-si-go-pravite-zivotot-potezok-od-toa-sto-e-navistina-2.jpg

11. Ги одложувате вашите соништа за некое подобро и полесно време. Реално, нема полесно време!

Ако сте еден од среќниците кои знаат што сакаат и имаат јасна визија за себе, не чекајте чудо за да се променат работите. Почнете веднаш да работите на остварувањето, колку и да ви изгледа тешко. Не сонувајте, туку остварувајте.

12. Одново и одново се состанувате со погрешна личност

Јасно е дека секој си има одреден тип на партнер кој го посакува и замислува, но ако тој тип на човек постојано ви го кршаи срцето, можеби е време да ја смените гледната точка. Има илјадници различни кои можеби не ги забележувате.

13. Не си давате доволно време за себе

Дали е тоа преку медитација или неколку минути за да не правите ништо и да си го ослободите умот или да правите што сакате, мора на некој начин да се ослободите од товарот на секој ден.

14. Немате доволно самодоверба

Вие сте такви какви што сте и треба да се прифатите. Не може во сè да бидете најдобри, но треба да се ослободите од мислата дека мора да бидете. Секој има маани, па така и вие. Верувајте во себе и прифатете го она што ве опишува и разликува од другите.

15. Не престанувате да си кажувате лаги во кои и сами не верувате

Вистината може да боли, но сепак е вистина. Ако не го живеете реалниот живот, тогаш живеете во лага. Вистински сте онолку колку што повеќе ја чувствувате тежината на животот. Кога-тогаш ќе се соочите со вистината и тоа ќе боли, но мора да се прифати. Подобро порано, отколку подоцна.

15-nacini-na-koi-si-go-pravite-zivotot-potezok-od-toa-sto-e-navistina-4.jpg

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg