7 неверојатни примени на путерот - Го отстранува мирисот на кромид, ја вади мастиката од коса...
Путерот е неизбежен додаток на секое јадење - појадоци, печено месо, десерт... Не само што е неверојатно одличен за размачкување, им дава прекрасен шмек на специјалитетите, совршено се топи во чоколадната глазура, туку и е од голема помош во секојдневните домаќински проблеми.
Ова се 7-те проблеми кои до сега ви изгледаа нерешливи, а всушност путерот бил нивното решение:
1. За да го спречите создавањето на мувла на сирењето, намачкајте го со тенок слој путер, посебно онаму каде што е пресечено.
2. Ако искористивте само половина кромид, путерот може да го сочува остатокот, а воедно и да го елиминира мирисот во ладилникот. Потребно е само да го премачкате кромидот со тенок слој путер, исто како сирењето.
3. По чистењето на риба, на рацете ви останува непријатен мирис. Него можете да го отстраните со парче путер кое ќе го растопите со рацете.
4. За полесно да ја исечете лепливата храна, ножот премачкајте го со путер.
5. Трагите од вода на дрвениот мебел обично намачкајте ги со путер и оставете го да отстои неколку часа. Потоа пребришете го остатокот. Дрвото ја впива маснотијата со што трагите од вода стануваат помалку видливи.
6. Ако ноктите ви се кршат многу лесно, обидете се да ги зацврстите со овој рецепт - преку ноќ намачкајте ги со путер и замотајте ги во пластична фолија. Хранливите состојки од путерот ги хранат ноктите и им го враќаат сјајот.
7. Заплетканата мастика помеѓу прамените коса се непријатна појава кој најчесто се решава со сечење на праменот. Наместо тоа, сега косата намачкајте ја со растопен путер по што гумата за џвакање ќе се лизне по влакната.