Мислете на себе – прво и најважно правило!
Поради брзото темпо на живот и презафатеноста, често забораваме да мислиме на себе. Иако многу работи зависат од нас, сепак она што е најважно е пред сè ние да се одржиме во живот за да бидеме способни да ги завршуваме и останатите работи.
Сепак, се занемаруваме, се вложуваме до крај или сè додека самиот организам не откаже. Но, пред да се случи тоа, помислете прво на себе и на она што е најважно.
Здравје
Грижата за телото е важна за да имате доволно енергија за сите обврски кои треба да ги завршите во текот на денот, но и за да го одржите имунитетот. Една од најдобрите тактики е т.н. „зелена исхрана“, вежбање барем 3 пати неделно и доволно спиење.
Убавина
Среќата и убавината одат рака под рака бидејќи токму внатрешната среќа е онаа која ни дава надворешен сјај. Дали спиете барем седум часа дневно? Правите ли пауза на работа? Одвојувате ли барем 1 час дневно за себе и за она што го сакате? Ако некое од овие прашања одговоривте негативно, време е да направите промена.
Љубов
Се поставува прашањето: Ако не се чувствувате доволно добро и задоволно во сопствената кожа, како да бидете привлечни и расположени за другите луѓе? Партнерот е најчесто првата личност на која го исфрламе незадоволството или фрустрациите. Тоа може да доведе до поголеми проблеми и кавги. Мора прво да научите да се сакате себе за да ве сакаат и другите.
Болка
Сите носиме емотивни траги од минатото, но имаме прилика да ја намалиме таа болка или да направиме да исчезне, само ако доволно работиме на себе. Со други зборови време е да ги развиете добрината и сочувството и за да ја создадете најцврстата врска со самите себе.
Би можело да ве интересира:





