Ова лето не ја пропуштајте можноста за...

Можеби не сте свесни или само не сакате да се потсетувате, но на првата половина на летото полека ѝ се ближи крајот. А, што направивте до сега? Колку ги искористивте топлите денови кои поминаа?

ova-leto-ne-ja-propustajte-moznosta-za-01

Уживавте во омилената храна? Најверојатно не, затоа што сте оптоварени со диетите.

Се наспавте, собравте енергија? Веројатно и на ова прашање ќе одговорите со „не“.

Подготвивте незаборавна забава во дворот со коктели и музика до рано наутро? Не?

Одвојте барем по 1 час дневно за летните задоволства и не ја пропуштајте можноста за...

1. Да уживате во топлите утра со лесни вежби, ледено кафе и овошна салата.

2. Да ги вкусите најсочните малини, праски, кајсии, лубеници, дињи...

3. Да запознаете некој странец кој може да прерасне во најголемата љубов што ви се случила.

4. Да отпатувате до некоја евтина, сè уште неоткриена дестинација.

5. Да ги поканите пријателите на коктел забава во вашиот двор или на вашата тераса.

ova-leto-ne-ja-propustajte-moznosta-za-006.jpg

6. Да испробате некој креативен „направи сам“ проект.

7. Целосно да го испразните гардероберот, а потоа да го подредите по бои и нијанси.

8. Да го исперете автомобилот со пријателите, како кога бевте деца.

9. Да соберете храброст и да се избањате целосно голи во море.

10. Да гледате филм под отворено небо.

ova-leto-ne-ja-propustajte-moznosta-za-9.jpg

11. Да го испробате највисокиот тобоган во водениот парк.

12. Да подготвите овошен сорбет или сладолед и да го споделите со колегите кои се изморени и исцрпени.

13. Да прочитате добра книга.

14. Да ги купите шорцевите, маичката, кошулата или фустанот кои веќе долго ги гледате на излогот.

15. Да отидете кај баба и дедо на село, како порано, барем на еден ден.

ova-leto-ne-ja-propustajte-moznosta-za-007.jpg

16. Да пуштите гласна музика, да ги отворите прозорците и да си направите летен бар дома.

17. Да одите на ноќно капење во базен на отворено и да уживате под ѕвездите.

18. Да возите ролери или велосипед по кеј додека сонцето заоѓа.

19. Да заспиете на лулашката во дворот како мало дете.

20. Да се искачите на планина и да уживате во свежиот воздух над градот.

ova-leto-ne-ja-propustajte-moznosta-za-5.jpg

21. Да летате со параглајдер и да почувствувате како да имате крилја.

22. Да фотографирате случајни работи кои ги забележувате додека шетате по некои скриени улички на жешкото сонце.

23. Да се забавувате до изгрејсонце без да заспиете.

24. Да се соберете во парк со пријателите, да седите на трева со гитари и пиво.

25. Да откриете неверојатни убавини.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg