Очите ве откриваат: Црните зрачат со страст, сините со спонтаност, а зелените со харизма

Можеби бојата на очите се добива по генетски пат, но одамна постои и верувањето за поврзаноста на бојата со личноста.

ocite-otkrivaat-crnite-zracat-so-strast-sinite-so-spontanost-a-zelenite-so-harizma-01

Па, и ако ги анализирате луѓето може да забележите некои заеднички точки помеѓу сите оние кои имаат кафени, сини или зелени очи. Не се секогаш исти, но навистина некои зрачат со страст, позитива или заводливост.

Проверете ги некои од најзначајните карактеристики според бојата на вашите очи или оние на партнерот.

Црни очи

Иако, реално не постојат целосно црни очи, оние кои имаат темно кафени се сметаат за такви. Темпераментни се, хиперактивни и полни со страст. Секогаш се предадени на она што го прават или она што го сакаат, натпреварувачки се настроени и сакаат да привлечат внимание. Се опишуваат и како таинствени и тешко заљубливи. Маана им е нетрпеливоста.

ocite-otkrivaat-crnite-zracat-so-strast-sinite-so-spontanost-a-zelenite-so-harizma-1.jpg

Сини очи

Интензивна боја која се поврзува со небото, енергијата и рационалното размислување. Овие луѓе се сметаат за лесно достапни, шармантни и пријателски настроени. Покрај тоа, многу се спонтани, подготвени се да испробаат сè и да се развијат како личности. Маана им е зборливоста, нетактичноста и брзоплетоста.

ocite-otkrivaat-crnite-zracat-so-strast-sinite-so-spontanost-a-zelenite-so-harizma-2.jpg


Кафени очи

Богата боја која се поврзува со енергијата на земјата, креативноста, упорноста и плодноста. Најмногу луѓе има со кафени очи и за нив важи тоа дека се емпатични, независни и верни. Кафената боја претставува и силен сексуален нагон, желба за дружење и екстровертност. Материјалните работи не им се многу важни како положбата во друштвото, Маана им е чувствителното его.

ocite-otkrivaat-crnite-zracat-so-strast-sinite-so-spontanost-a-zelenite-so-harizma-3.jpg


Сиви очи

Сивите прилично ретко се среќаваат, а симболизираат мудрост и цврст карактер. Луѓето со ваква боја на очи се родени водачи кои можат да најдат решение за сè. Лесно се приспособливи, смирени се и големи љубители на природата. Имаат рационален став во животот, верни се и склони на долги врски. Маана им е емотивната чувствителност.

ocite-otkrivaat-crnite-zracat-so-strast-sinite-so-spontanost-a-zelenite-so-harizma-4.jpg

Зелени очи

Зелената боја симболизира харизма, иновативност, младост и здравје. Луѓето со зелени очи се опишуваат како љубители на авантури и секакви врсти на задоволство во животот. Добри говорници се, снаодливи во друштво и ретко се осамени. Страсни љубовници се, но и во љубовта се понекогаш превртливи, па ни самите не знаат што сакаат. Маана им е тврдоглавоста и љубомората.

ocite-otkrivaat-crnite-zracat-so-strast-sinite-so-spontanost-a-zelenite-so-harizma-5.jpg

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg