Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Патува низ Европа со едно прашање: Може ли да јадам од вашиот контејнер?

Сите сме свесни дека се фрла огромна количина храна, како остатоци кои не се дојадуваат или вишок произведена храна, а во светот има милиони гладни луѓе.

patuva-niz-evropa-so-edno-prasanje-moze-li-da-jadam-od-vasiot-kontejner-01

Токму од тие причини еден млад Французин тргнал на пат низ Европа со својот велосипед и одлучил да помине пат долг 3.000 km, а попатно се хранел со она што го наоѓал во контејнерите.

Баптист Дубаншет тргнал на пат од Париз во април и до сега поминал низ Луксембург, Белгија, Холандија и Чешка Република, а на своето патување не потрошил ни едно евро за храна.

patuva-niz-evropa-so-edno-prasanje-moze-li-da-jadam-od-vasiot-kontejner-3.jpg

На својата веб страница „Глад во светот“, ја напишал неговата цел на оваа авантура, а тоа било да докаже дека производството на храна ги надминува потребите на оние за кои се прави тоа, па огромно количество храна се фрла во контејнерите.

Истовремено, во светот има многу гладни кои не можат да си дозволат да го платат остатокот за да го добијат.

Исто така, сакал да ја подигне свеста за тоа дека многу од компаниите можат, но не донираат храна.

patuva-niz-evropa-so-edno-prasanje-moze-li-da-jadam-od-vasiot-kontejner-5.jpg

Во хотелите и рестораните, попрво ќе ја фрлат храната во контејнер, отколку да ја спакуваат и испратат онаму каде е неопходна.

Милиони деца умираат од глад, а контејнерите се полни со храна која може да се јаде. Токму тоа го покажал Баптист преку личен пример, одејќи низ градовите и замолувајќи ги во хотелите и рестораните, тоа што планираат да го фрлат во контејнер само да му го остават на страна.

Дури ни самиот не бил свесен колку огромно количество на храна е тоа, сè додека не ја собрал на едно место.

Со ширењето на неговата приказна, се шири и пораката за поголема свесност, но засега сè уште не се донеле одредени мерки за заштита, спасување и помош на гладните.

patuva-niz-evropa-so-edno-prasanje-moze-li-da-jadam-od-vasiot-kontejner-7

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg