Фотографирањето води кон побрзо заборавање на спомените

Секој би рекол дека ние всушност ги фотографираме нештата сѐ со цел да ги запомниме сите мигови од нашиот и од животите на останатите.

fotografiranjeto-vodi-kon-pobrzo-zaboravanje-na-spomenite-1-

Она што досега го докажале многуте истражувања води кон спротивното. Фотографиите кои ни служат за да се сеќаваме, всушност прават ние побрзо да забораваме, открива една американска студија.

На оваа тема неодамна се надоврза американското списание „Психолошка наука”, велејќи дека луѓето кои при посета на музеј веднаш посегнуваат по своите фотоапарати помалку ќе ги запомнат деталите, за разлика од оние кои внимателно гледале во предметите.

Штом се случи некоја невообичаена случка, луѓето веднаш ги вадат своите мобилни телефони со цел да го фотографираат настанот.

Додека сме на некој интересен настан од типот концерт на омилената група, роденден на пријател, свадба...ние повеќе ги забележуваме настаните низ објективот на камерите отколку со голо око.

Водени од желбата да го зграпчиме моментот што се случува пред нас, ние во истиот миг забораваме како тој изгледал.

fotografiranjeto-vodi-kon-pobrzo-zaboravanje-na-spomenite-2-

Линда Хенкел, уредник во списанието „Психолошка наука” и професор во универзитетот „Ферфилд”, долго време ја истражувала оваа појава, па решила да направи еден едноставен тест со кој би можела да ја поддржи својата теза.

Таа ги однела своите студенти во музеј и од нив побарала некои да гледаат внимателно, а останатите да ги фотографираат предметите што ќе ги видат.

Следниот ден Линда Хенкел го тестирала сеќавањето на своите студенти давајќи им тест на кој ќе опишат што виделе, вклучувајќи ги сите детали. Оние кои тој ден фотографирале имале тешкотии при описот на деталите, за разлика од останатите кои успешно одговориле на прашањата од тестирањето.

Најважно е да ги доживеете моментите, но убаво е и доколку имате можност да ги фотографирате. Сепак, одберете го окото и вистинското чувство пред фотоапаратот. Ниедна слика не може да го опише доволно добро она што може да го почувствувате во одреден момент.

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
6 потсетници за миговите кога мислите дека треба да се откажете од големите соништа Не заборавајте дека најголемите соништа не стануваат реалност преку ноќ и мора д...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg