Како да ви бидат утрата убави, а подготвувањето за на работа забавно?

Никој не сака кога наутро ќе го разбуди звукот на алармот кој го потсетува на времето за станување и подготовка за на работа. Со помош на неколку трикови, утрата можат да ви бидат многу убави, а подготовките забавни.

kako-da-vi-bidat-utrata-ubavi-a-podgotvuvanjeto-za-na-rabota-zabavno-01

1. Будете се со музика

Ако немате наместено некоја музика на будилникот не е ништо страшно. Штом отворите очи пуштете ја вашата омилена песна, па дури и ако сте станале на „лева нога“ ќе се расположите и денот ќе ви почне убаво.

2. Малото утринско разгалување, добро ќе ви дојде за подобро расположение.

Разменувањето нежности со партнерот, никогаш не може да биде досадно. Дури и утринскиот секс е препорачлив за уште подобро расположение. Покрај тоа што ќе се чувствувате сакано, ќе имате многу повеќе енергија, свежина и супер расположение.

3. Утринска рекреација

Потребни се барем 10 минути за вашата утринска јога или гимнастика. Тоа ќе ви даде енергија за целиот ден, растегнати мускули и ќе бидете подготвени за новиот работен ден.

4. Уживајте во новиот ден

Вкусен појадок, утринско кафе и свеж воздух е сè што ви е потребно за да уживате во новиот ден. Почнете со насмевка и пријатен разговор додека се подготвувате или додека патувате кон работното место.

5. Не си легнувајте лути или нервозни.

Ова е многу важно да го почитувате навечер. Завршете ги сите работи, сите караници, намалете го стресот, смирете се, па дури потоа легнете си. Така ќе знаете дека следниот ден може одново да почнете со убаво и пријатно расположение и смирени мисли.

Би можело да ве интересира:

14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg