Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Реалноста на животот: Како да постигнете совршен баланс помеѓу забавата и работата?

Помеѓу работа и забава без ни малку двоумење секој би ја одбрал забавата. Реалноста е малку поинаква и не можеме животот да го поминуваме како во приказната за „Големиот Гетсби”.

realnosta-na-zivotot-kako-da-postignete-balans-pomegju-zabavata-i-rabotata-02

Кога ќе почувствувате дека повеќе не можете да направите баланс меѓу работата и забавата, тогаш време е за некои промени.

Постои време и место за сите работи, затоа не дозволувајте да бидете преокупирани само со едно и држете рамнотежа додека чекорите низ животот:

1. Приоритет

Секогаш ќе има некоја забава на која ќе сакате да присуствувате или роденден на пријател кој не можете да го пропуштите, но мислете на она што ви е приоритет. За една година нема ни да се сетите на забавата, но ќе се сетите на работата на која сте ѝ дале приоритет и успех кој сте го стекнале подоцна. Сетете се на златното правило: „Работи сега, забавувај се подоцна.”

2. Останете приземјени

Ако сите прават нешто, не значи дека и вие треба тоа да го правите. Каде и да одите понесете си ја својата индивидуа со вас и не заборавајте кој сте и што сакате од животот. Најдобар начин да успеете е да останете приземјени и секогаш да балансирате помеѓу старото и новото. Секогаш можете да донесете малку од старите работи во новите, без разлика дали станува збор за ново пријателство, ново работно место, нов град...

3. Бидете реални

Вашите очекувања секогаш нека бидат во склоп со реалноста и бидете искрени првенствено кон себе, а потоа и кон другите. Кога сте нереални вие полесно ќе се разочарате бидејќи нема да ги добивате работите кои ги очекувате и посакувате. Работите ќе се случат онака како што треба да се случат.

4. Мудро управувајте со времето

Сѐ што може да тргне наопаку, ќе тргне. Затоа мудро планирајте го вашето време и секогаш мислете на секој ризик и сѐ она што би можело да се случи. Голема улога во балансирањето игра токму времето, не дозволувајте му да ве надмине и вие бидете негов раководител. 

5. Уживајте во бенефициите

Ако работите напорно, немојте да жалите што сте потрошиле премногу на скап одмор или на праче луксузна гардероба. Знајте дека вие сте го заслужиле тоа. Тоа не се случува само во работата туку и во сè останато во вашиот живот. Ако знаете дека напорно сте работеле за нешто вие ќе уживате во истото уште повеќе. Сѐ додека сте одговорна личност, никој не вели дека не смеете да внесете забава во животот.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg