Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


11 токсични работи кои треба да престанете да си ги кажувате (ви штетат според психолозите)

11-toksichni-raboti-koi-treba-da-prestanete-da-si-gi-kazhuvate-vi-shtetat-spored-psiholozite-03.jpg

„Ова никогаш нема да заврши...“

Понекогаш болката се чувствува бескрајна, но д-р Каин вели дека тоа е само перцепција.

„Ако ги прашам моите клиенти дали некогаш се чувствувале вака претходно, обично можат да се сетат на некој настан. Ако ги прашам колку долго траеше, можат да ми кажат кога заврши.

Но, ако ги прашам зошто овојпат би било различно, најчесто немаат одговор – затоа што болката секогаш минува“ објаснува тој.

„Треба да бидам благодарен/а“

Иако благодарноста е корисна, понекогаш животот е тежок и едноставно не можете да најдете нешто за што би биле благодарни – и тоа е во ред.

„Пациентите чувствуваат огромно олеснување кога им велам дека не мораат секогаш да се чувствуваат благодарни,“ вели д-р Каин.

„Никој не разбира низ што поминувам“

Оваа лага може да биде една од најштетните.

„Една од нашите основни потреби е да бидеме разбрани,“ објаснува д-р Каин.

„Кога веруваме дека никој не може да нè разбере, се лишуваме од емпатија и поврзаност“.

11-toksichni-raboti-koi-treba-da-prestanete-da-si-gi-kazhuvate-vi-shtetat-spored-psiholozite-04.jpg

„Ако го игнорирам, ќе исчезне“

Избегнувањето на проблемите може да даде моментално олеснување, но на долг рок тие само се влошуваат.

„Избегнувањето води кон поголеми проблеми – без разлика дали станува збор за нерешени конфликти, ментално здравје или финансиски потешкотии“ вели д-р Лира де ла Роса.

„Правам сè што можам“

Понекогаш ова е точно, но понекогаш тоа е само изговор.

„Често ги правиме работите покомплицирани во нашата глава и ги гледаме како недостижни“ вели д-р Смит.

„Но, ако ја скратиме задачата во помали, изводливи чекори, можеме да ја постигнеме.“

„Премногу сум стар/а“

Ова верување ги држи луѓето заробени во страв.

„Луѓето започнуваат нови кариери, следат нови пасии и градат нови односи во сите фази од животот. Единствената вистинска граница е верувањето дека не можете“ вели д-р Лира де ла Роса.

Наместо „Предоцна е“, прашајте се: „Зошто да не сега?“

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Иритантни (и некултурни) работи кои не треба да ги правите кога сте во ресторан Кога сте во ресторан, може да правите некои работи за кои мислите дека се корисн...
8 работи кои општеството ги претставува како нормални, а се штетни (ги правиме и во Македонија) Oд родители кои вршат преголем притисок децата да им бидат успешни во сè до пром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg