Бизарни (и застрашувачки) ментални нарушувања и болести
Лицата со боантропија веруваат дека се животно, како крава или бивол, и некогаш дури и се однесуваат како животното.
Мозокот е една од најголемите мистерии кај луѓето, но и кај другите животни воопшто.
Експертите знаат многу работи за неговата работа, и успешно лекуваат болести и ментални нарушувања, но факт е дека она што ни е познато не е ни мал дел од тајните што чекаат да бидат откриени.
Едно од почудните нешта е и човечката психа за која до денес откриваме нови работи и побиваме стари теории.
Постојат безброј ментални нарушувања и болести со разни симптоми и сигурни сме дека сте запознати со оние најчестите.
Но, веројатно не сте слушнале за следниве бизарни, па и застрашувачки нарушувања и ментални болести:
Синдром Landau-Kleffner
Ова е ретко нарушување кое се јавува во детството и се карактеризира со постепено губење на способноста за разбирање и користење говорен јазик.
Она што го прави застрашувачко е што се јавува кај деца со нормален развој, најчесто на возраст помеѓу пет и седум години.
Причината за нарушувањето засега е непозната, единствено се верува дека можеби е поврзана со мутација на ген.
Абуломанија
Абуломанијата е ментално нарушување карактеризирано со неодлучност која е изразена до тој степен, што е парализирачка.
Истовремено, нарушувањето предизвикува и симптоми како анксиозност, стрес и депресија и има сериозно влијание врз секојдневието на личноста.
Во екстремни случаи, нарушувањето може да биде причина и за самоубиство.
Засега нема цврсти докази за причината за појавата на нарушувањето, но се верува дека станува збор за комбинација од неколку фактори, односно опкружувањето на личноста за време на развојот.
Боантропија
Дефинитивно едно од почудните нарушувања е таканаречената боантропија.
Лицата со ова нарушување веруваат дека се животно, како крава.
Психолозите обично го групираат нарушувањето со други слични нарушувања поради кои личноста верува дека може да се трансформира или е трансформирана во животно.
Нарушувањата можат да бидат карактеризирани со заблуди и халуцинации, а пациентите некогаш и го имитираат однесувањето на животното во кое веруваат дека се претвориле.