Бизарна приказна: Сите детали за инфлуенсерката што лажела дека има рак на мозок и дека сама го лекувала

Бел Гибсон е една од првите Инстаграм инфлуенсерки која имаше над 300.000 следбеници – бројка што пред 10-тина години беше навистина голема. На своите следбеници Бел им кажуваше дека има рак на мозокот кој успешно го лекувала само со здрава исхрана и позитивни мисли. Но, набрзо се дозна дека Бел лаже и всушност им продава лажна надеж на луѓето болни од рак.

tvrdela-deka-ima-rak-na-mozokot-shto-go-izlekuvala-so-zdrava-hrana-i-pozitivni-misli-lagite-na-edna-od-prvite-instagram-influenserki-01.jpg

Бел Гибсон од Австралија беше позната блогерка и една од првите Инстаграм инфлуенсерки која тврдеше дека има рак на мозокот кој го лекувала со природни лекови и здрава исхрана.

На Инстаграм ја следеа над 300.000 луѓе, а издаде и книга со детали за тоа како го контролирала и лекувала ракот.

Но, сè што Бел „им продаваше“ на фановите беше огромна лага – таа воопшто немала рак на мозокот.

lazhela-deka-ima-rak-na-mozokot-shto-go-izlekuvala-so-zdrava-hrana-lagite-na-edna-od-prvite-instagram-influenserki-14.jpg

Како Бел успеала да измами толку многу луѓе?

Бел беше една од првите Инстаграм инфлуенсерки и се фокусираше на здравје. Бидејќи ја почна кариерата во период кога немаше многу конкуренција, до 2013 година стана мошне позната.

Таа имаше свој блог, како и Инстаграм профил со над 300.000 верни фанови.

На социјалните мрежи, Бел тврдеше дека има рак на мозокот кој не може да се оперира, а притоа споделуваше совети за здравје.

lazhela-deka-ima-rak-na-mozokot-shto-go-izlekuvala-so-zdrava-hrana-lagite-na-edna-od-prvite-instagram-influenserki-15.jpg

Во 2013-та, таа лансираше апликација со нејзините совети која била симната над 200.000 пати само во првиот месец. Притоа апликацијата беше прогласена за најдобра во својата категорија од страна на Apple Store.

Набрзо потоа, Бел издаде книга со рецепти и до 2015-та заработи над 1 милион долари од апликацијата и продажбата на книгата.

На својот блог таа отворено пишуваше за нејзината битка со ракот, а тврдеше и дека донирала над 300.000 долари во добротворни организации кои се борат против ракот.

lazhela-deka-ima-rak-na-mozokot-shto-go-izlekuvala-so-zdrava-hrana-lagite-na-edna-od-prvite-instagram-influenserki-02.jpg

Бел почна да дава и интервјуа во кои тврдеше дека имала рак на мозокот кој се проширил на матката, бубрезите и каде уште не.

Притоа, изјави дека сите ракови се појавиле поради некоја вакцина против рак на грлото на матката.

Според нејзината приказна, таа ја добила дијагнозата во доцните тинејџерски години и лекарите ѝ рекле дека ѝ остануваат само неколку месеци живот.

Но, по некое време, нејзините фанови почнаа да забележуваат дека нејзините приказни не се поклопуваат.

lazhela-deka-ima-rak-na-mozokot-shto-go-izlekuvala-so-zdrava-hrana-lagite-na-edna-od-prvite-instagram-influenserki-05.jpg

Бел велеше дека неколкупати правела операција на срцето, па дури и дека речиси умрела на операционата маса. Потоа тврдеше и дека доживеала мозочен удар.

За ова немаше никакви докази, а и следбениците на инфлуенсерката почнаа да забележуваат дека Бел нема ниту една лузна, и покрај бројните операции на срцето.

Најлошо од сè беше тоа што Бел тврдеше дека го контролира ракот со здрава исхрана и позитивни мисли.

lazhela-deka-ima-rak-na-mozokot-shto-go-izlekuvala-so-zdrava-hrana-lagite-na-edna-od-prvite-instagram-influenserki-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg