Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена)
Гризелда Бланко
Мoжеби мажите доминираат во светот на криминалот, но ретко кој маж може да се спореди со озлогласената Гризелда, позната и како „Мајката на кокаинот“.
Во 1970-тите и 1980-тите, Гризелда секој месец го организирале шверцувањето на над 1.600 килограми кокаин од Колумбија во САД.
Пoкрај ова, позната е и по нејзината суровост – еднаш со нож убила нејзин противник среде бел ден, на аеродром.
Гризелда е одговорна за смртта на над 200 лица во Колумбија и САД, а по апсењето во 1985-та, отслужила скоро 20 години затворска казна.
Била убиена во 2012 година од непознат убиец.
Рик Рос
Рик Рос имал своја нарко империја во раните 1980-ти во Лос Анџелес.
Според некои извори, на врвот на „кариерата“ дневно заработувал и по 2 милиони долари од неговите криминални активности, а се претпоставува дека неговото богатство изнесува над 2 милијарди долари.
Постојат гласини дека долга успевал да ѝ избега на полицијата бидејќи ја прислушувал, но и бидејќи наводно имал договор со ЦИА. Второто не е официјално потврдено.
Бил уапсен во доцните 1990-ти, откако купил 100 килограми кокаин од полицаец преправен во цивил.
Најпрво добил доживотна казна затвор, која подоцна била намалена на 20-годишна.
Тој има издадено и книга за неговите искуства која во САД се продавала мошне добро.
Осиел Карденас Гуилен
Осиел е мексикански наркобос кој бил лидер на два картела и владеел во доцните 1990-ти.
Како обезбедување користел војници кои ја напуштиле мексиканската армија.
И, ова не биле какви било војници, туку мажи обучени за специјални единици.
Тој бестрашно им се заканувал и на американски војници кои имале задача да го фатат.
Поради ова, Осиел бил еден од најозлогласените криминалци во Мексико.
Конечно бил уапсен во 2003-та и уште ја отслужува затворската казна.
Спирова С. | Црнобело