Болести, убиства и канибализам: Како изгледа животот во најопасните затвори во светот?

La Modelo, Колумбија

Во Богота, Колумбија се наоѓа La Modelo – затвор кој е познат по насилството помеѓу затворениците.

Затворот е поделен на два дела – во едниот се сместени левичарски бунтовници, додека во другиот се поддржувачи на десницата.

Затворениците имаат лесен пристап до оружје, вклучувајќи и бомби, па нападите и убиствата не се реткост. На пример, во 2000 година во тепачка биле убиени над 100 затвореници.

А, ова не е единствениот ваков настан во затворот.

Покрај тоа, бидејќи во затворот има над 11.000 затвореници, тие живеат во ужасни услови кои беа влошени по пандемијата.

bolesti-ubistva-i-kanibalizam-del-od-najopasnite-zatvori-vo-svetot-06_copy.jpg

Pollsmoor, Јужноафриканска Република

Затворот Pollsmoor се наоѓа во Кејптаун и овде се сместени над 7.000 затвореници – број кој се менува речиси секојдневно.

Проблемот е што капацитетот на авторот е за само 4.300 затвореници.

Затворот е поделен на неколку оддели, како дел за тинејџери, дел за возрасни мажи, дел за жени…

Оние кои се осудени на подолги казни, се организирани во банди кои имаат огромно влијание во авторот.

И самите банди се изврзани меѓу себе, а некои членови се толку верни, што признаваат злодела што не ги направиле, само за да останат во бандата во затворот.

Властите се обидуваат да ја подобрат ситуацијата во затворот и навистина да го претворат во центар за рехабилитација, но засега уште важи за еден од поопасните во светот.

bolesti-ubistva-i-kanibalizam-del-od-najopasnite-zatvori-vo-svetot-07_copy.jpg

Chyorny delfin, Русија

Затворот чие име значи „црн делфин“ е еден од најстарите во Русија. Овде не се опасни затворениците, туку чуварите и целиот режим.

Во затворот се сместени околу 700 затвореници, од кои дел имаат доживотна казна.

Тие спијат во посебни келии кои речиси постојано се пребарувани за недозволени предмети.

Затворениците мораат да вежбаат по 90 минути дневно, затворени во огромни кафези. Покрај тоа, не смеат да седнат, уште помалку да легнат додека да дојде време за спиење. Што значи, 16 часа минуваат на нога.

Кога пристигнуваат нови затвореници, чуварите ги внесуваат со преврзани очи за да не видат како изгледа внатрешноста на затворот и да не можат да испланираат бегство.

Затворениците се со преврзани очи и кога одат од една до друга зграда.

bolesti-ubistva-i-kanibalizam-del-od-najopasnite-zatvori-vo-svetot-08.jpg

Gitarama, Руанда

Gitarama во Руанда без сомнение е најлошиот затвор во светот кој честопати критикуван од активистите за заштита на човекови права.

Не е познато колкав е точниот капацитет на затворот, но бројот се движи од околу 1.000 до 3.000.

Веројатно претпоставувате дека бројот на затвореници е многу поголем – според некои извори, над 7.000.

Тепачките се секојдневие во затворот , хигиената не постои, а наводно некогаш затворениците се јаделе едни со други бидејќи немале ни храна.

Некои извори тврдат дека во затворот секојдневно умираат барем 10-тина затвореници, но властите негираат и велат дека повеќето гласини за затворот се само тоа – гласини.

bolesti-ubistva-i-kanibalizam-del-od-najopasnite-zatvori-vo-svetot-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Морничавата приказна за вистинскиот Ханибал Лектор: Затворен е во подземна стаклена ќелија, изолиран... Британецот Роберт Модсли е затворен во самица над 40 години, по неколкуте свиреп...
Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg