Болести, убиства и канибализам: Како изгледа животот во најопасните затвори во светот?
Некои извори тврдат дека затворениците во затворот Gitarama, Руанда, почнале да се убиваат и да се јадат едни со други бидејќи немале храна. Кои се најозлогласените затвори во светот?
Иако идејата е да бидат центри за рехабилитација, бројни затвори ширум светот воопшто ја немаат оваа функција.
Односно, луѓето кои се затворени во нив е поверојатно да станат уште полоши и посклони кон злодела, наместо да се рехабилитираат и да станат одговорни граѓани.
Најопасните затвори во светот во кои не би сакале да завршите:
Kamiti во Најроби, Кенија
Познат како „најлошиот затвор во Кенија“, Kamiti е установа во која не би сакале да бидете затворени.
Отворен во 1950-тите, затворот бил изграден за околу 1.400 затвореници.
Но, денес овде има над 3.600 затвореници кои живеат во ужасни услови.
На пример, тие немаат постојат пристап до вода, а во 2009 во затворот имаше и епидемија на колера.
Покрај тоа, овде е и постојаното насилство помеѓу затворениците, но и чуварите, што го прави затворот еден од најопасните во светот.
Затворот во Маракаибо, Венецуела
Во градот Маракаибо се наоѓа затвор кој веќе не е во функција, но вреди да се спомне.
Затворот има капацитет за 700 затвореници, но до неговото затворање во 2013-та, овде биле сместени дури 3.700. Околу 192 од нив биле деца на затворениците.
Па, можете да замислите во какви услови живееле.
Затворениците биле организирани во банди кои всушност контролирале сè во затворот.
Властите немале некоја голема контрола над она што се случува внатре, па овде честопати имало многу оружје и дрога. Во една проверка на затворот, внатре биле најдени и животни.
Затворот беше затворен по бунт во кој загинаа 16 затвореници и наводно постои план да се отвори како музеј.
Ciudad Barrios, Ел Салвадор
Ciduad Barrior се смета за најопасниот затвор во Ел Салвадор.
Помеѓу 2004 и 2015 година, овде беа затворани исклучиво членови на озлогласената банда Mara Salvatrucha.
Сепак, оттогаш правилата се променети и сега во затворот има затвореници од секакви профили.
Капацитетот на затворот е околу 800 затвореници, но сега овде има над 2.500.
Поради малиот број на чувари – еден чувар на 50 затвореници – скоро никој не контролира што се случува внатре, па насилството е секојдневие.
Butyrka, Москва
Во централниот дел на руската престолнина се наоѓа Butyrka – затвор кој бил соочен со обвиненија за прекршување на човековите права.
Затворот е познат по строгиот режим што го следат затворениците, а чуварите секогаш се потпирале на насилство кога затворениците се бунтувале.
Според записи на луѓе кои престојувале во затворот, по распадот на Советскиот сојуз ситуацијата за затворениците се влошила – имало премногу луѓе во келиите, честопати имало епидемии со туберкулоза, а бидејќи многумина биле зависници од дрога, многупати делеле исти игли со што имало проблеми и со зараза од ХИВ.