8 секојдневни работи кои ни го празнат паричникот (а за нив има поевтина замена)
Салата пакувана во кесичка, памук за чистење шминка, облека за специјални пригоди - сите овие работи ни го празнат паричникот многу повеќе од што мислиме...
Понекогаш не сме свесни колку многу пари трошиме на секојдневните работи, бидејќи сме навикнати да ги имаме во домот. И не размислуваме дека постојат нивни замени, кои многу помалку ќе го оптоварат нашиот буџет.
Кои се работите што ги користиме секојдневно и без кои не можеме, а сепак ни го празнат паричникот?
Синтетичка долна облека
Иако изгледа привлечно, синтетичката долна облека најчесто е поскапа од памучната. Особено кога е од познат бренд.
Но, таа брзо се уништува, поти, непријатна е за носење ноќе.
Затоа, наместо да купувате 5 парчиња синтетички гаќички, изберете 1 или 2, а останатите пари дајте ги на стилизирани памучни гаќички кои се и поудобни и траат подолго.
Течен сапун
Во ресторани, молови, јавни тоалети, каде и да одите се поставени диспанзери со течен сапун.
И иако е одличен за користење на јавни места, кога станува збор за сапуните што ги користите дома, подобро е да купите обичен сапун, бидејќи чини многу помалку и не го оптоварува буџетот.
Залиха од храна и производи за домаќинство
Многу луѓе имаат навика да купуваат храна и производи кои не им требаат само затоа што се на попуст.
Но, складирањето производи (колку и да се поевтини) сепак ви ги троши парите.
Памук за чистење лице
За да ја отстраните шминката од лицето трошите неколку памукчиња одеднаш. Па ако не еднаш месечно, барем на два месеца купувате ново пакување.
Заменете ги памукчињата за чистење лице со некоја од алтернативите: памучна крпа или од микрофибер.
Наместо да ги фрлате, по секоја употреба исперете ги и ќе бидат подготвени за следниот пат кога ќе вадите шминка.