„Што значи кога мажена жена постојано се слика сама, а мажот го нема никаде на сликите?“
„Можеби ѝ е потребен водоводџија“, „Дека е срамежлив“, „Значи дека мажот ја слика...“, „Ја боли уво за него – таа си се рекламира“, „Се омажила за грд и дебел, поради пари“, „Мажот има попаметна работа“... се дел од забавните (и малку сурови) одговори на хит твитот на Мила од Србија. Кој е вашиот?
На Твитер вирално се шири хит твит кој предизвика лавина од реакции.
Твитот гласи „Што значи кога мажена жена постојано се слика сама, а мажот го нема никаде на сликите?“.
Објавен е од девојка од Србија потпишана како Мила и одговорите се од страна на нејзини сонародници, но веруваме дека слични би добиле и ако ја отвориме оваа тема кај нас.
Sta znaci kad se udata zena stalno slika ali nema nigde muza na slikama
— mila voli diskont (@ja_sam_nisam) May 17, 2022
Дел од забавните одговори на прашањето: „Што значи кога мажена жена постојано се слика сама?“:
Дека е срамежлив.
Плачам од смеење... Девојката има околу 500 слики без него, го има кучето, другарките, баба ѝ, дедо ѝ, фризерката, а знам дека е омажена САМО по едно Инстаграм Стори на море, каде го има него сликан од далеку во вода и тоа му се гледа само главата одзади и на тоа напишала: „Ова е мојот маж“.
Можеби ѝ е потребен водоводџија.
Мажот е како целулит, го нема никаде на сликите.
Отишол на риболов.
Значи дека мажот ја слика...
Значи дека мажот е вреден.
Го изневерува.
Најверојатно работи.
Па, дека бара замена... За тој маж.
Може мажот има некоја значајна работна функција и затоа не сака да се слика.
Можеби мажот не е фотогеничен.
Значи, дури и само потсвесно, дека нешто не е во ред со бракот...
Може тој не сака да се слика и мрази социјални мрежи. Може ѝ здодеало да го моли да се слика, а таа сака да се слика.