„Прво верувате, потоа умирате“ – Бесмислени и смешни „инспиративни“ пораки од вештачка интелигенција
„Кога ќе умреме, животот ќе биде во ред. Дотогаш, опивајте се“ и „Еден ден, животот ќе изгледа безначајно. Па, во ред е да се посрамотите“, се само дел од „инспиративните“ цитати генерирани од вештачка интелигенција кои звучат смешно и бесмислено.
Инспиративните пораки и цитати „залепени“ на некаква фотографија или илустрација станаа доста популарни во ерата на социјалните мрежи и многу луѓе редовно си ги споделуваат.
Веројатно поради ова бил направен и InspiroBot – вештачка интелигенција чија задача е да генерира инспиративни пораки, испишани на фотографија или илустрација.
Иако некогаш добро си ја завршува работата, бидејќи сепак станува збор за вештачка интелигенција, доста често се случуваат и грешки кои се смешни и бесмислени.
Поради овие грешки, InspiroBot генерира пораки кои немаат никаква смисла, звучат саркастично, а некогаш и заканувачки. Уште посмешно е што обично се испишани на фотографија или илустрација која нема допирна точка со нив.
За самите да си генерирате некоја ваква „инспиративна“ порака, кликнете ТУКА, а на сајтот само притиснете на копчето Generate.
Дел од најсмешните пораки споделени од оние кои го пробале ботот:
Пијте млеко. Мијте ги рацете.
Еден ден, животот ќе изгледа безначајно. Па, во ред е да се посрамотите.
Кога ќе умреме, животот ќе биде во ред. Дотогаш, опивајте се.
Бидете причина за нервниот слом на колегата.
Немојте да бидете досадни. Бидете извонредно досадни. Бидете негативни.
Отсекогаш сте биле застрашувачко човечко битие.
Вие сте непотребно претенциозни.
Збунетоста не е реална.
Музичарот може да биде заболекар, но заболекарот исто така може да биде музичар.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





