„Ах, ми недостига времето кога за родендени јадевме ресана и си купувавме моливи, денес родендените чинат 2 плати“

Игротеки и ресторани со гламурозни декорации

И како што сè се менува, и роденденските забави во последните години ја достигнаа својата кулминација со екстравагантни и гламурозни декорации, стотици балони, аниматори во костими од хероите на Дизни и подароци за гостите, а не само за славеникот.

И сите овие фантастични роденденски забави кои чинат скоро две просечни македонски плати за мали деца кои воопшто нема ни да се сеќаваат на овој ден, а меѓу гостите повеќе возрасни отколку дечиња.

View this post on Instagram

A post shared by Fab Festas (@fab.festas.ideas)

Тортите, чиниш, свадбени, огромни и преубави, толку декорирани, со светкави свеќи и мини огномети, да ти е жал да ги пресечеш.

А менито, како од свадба, порции со месо, гарнири, апетисани и алкохолни пијалаци.

View this post on Instagram

A post shared by Luksuzne Maskote Nis (@luxury_mascots.nis)

Игротеките поделени на простории за децата и возрасните, мали детски кралства, а малите гости, секој сам си игра.

Покрај игротеките се изнајмуваат и посебни вили или пак цели ресторани за детски родендени.

А мислењата за овие детски забави во кои прво се покануваат фотограф и видеограф за професионални фотографии за социјалните мрежи, се поделени. Некои родители велат дека нивните деца го заслужуваат само најдоброто, други пак сметаат дека на децата им е доволно само торта и многу игри, а за трети пак гламурозни родендени се желба на родителите, а не децата.

Некои сметаат поважни се лајковите на социјалните мрежи отколку детската смеа на нивниот ден.

Во мое време се знаеше, еден филм со 36 пози за целата година, една фотографија со тортата и една со гостите, а сега цели филмови се прават од роденденските забави со висока постпродукција.

Подароци бирани со месеци, некои дури и листа на подароци вклучуваат во специјалните покани, облека за забавата, по можност сите од семејството да се во ист тон, а мама и славеничката во ист фустан или тато и славеникот со исти „машни“, дрвени пеперутки.

Златно славејче, Сидо и ТикТок

Од музичкиот репертоар, ние ги имавме касетофоните со легендарните хитови од Златно Славејче и Сидо, среќно се „трескавме од земја“ на Сакам кола убава, Визба стара и гитара, Наташа од трето 3, Прва љубов, Боби баш ми е гајле, Дајте музика, Заљубена и Баксуз. А денес, во модерните игротеки аниматорите ги копираат трендовските кореографии од ТикТок.

Но, секој со своите желби и финасии, нека си го слават роденденот како што посакуваат, бидејќи на крајот, најважно е да се дувнат свеќичките на тортата на денот на роденднот, славениот да го болат ушињата од тегнење, а гостите силно да пеат и да ракоплескаат.

Среќен роденден на сите кои го слават периодов!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Носите болни деца во градинка, затоа се разболуваат и нашите“ – Ми се гади од коментарите на родите... Немаме сите цело село зад нас што може да ни помага и ментално и финансиски и фи...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...
10 најубави Македонски народни приказни со кои растевме и ни будат носталгија (видео) Има ли некој кој не се сеќава на Ѓорѓи Колозов и неговата маестрална улога на кр...
Некогаш на учителките им носевме каранфили, денес ваучери за шопинг: Дали претеруваме за 8 Март? „Се сеќавам, кога бев во основноо, немаше натпревар кој ќе ѝ купи поубав или пос...
Гумени сандали, платнени лежалки на расклопување - Kако изгледаа летните одмори во Југославија? Никаде не се одеше без гумени сандали, чадор, пренослив фрижидер и платнени лежа...
Со друштвото си ги купивме најгрдите маички за Нова година наместо убави подароци (и пресреќни сме) Иако идејата тргна од мене, сите мои пријатели сфатиле дека треба да купат грди ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg