Визуелни трендови во 2020-та – размислувајте однапред

Како фотографијата, графиката и веб дизајнот ќе ги отсликаат уметничките, социјалните и технолошките движења на глобално ниво?

vizuelni-trendovi-vo-2020-ta-razmisluvajte-odnapred-01.jpg

2020-та година уште веднаш ќе започне да нè води низ една футуристичка патека. Работите кои досега изгледаа невозможни, ќе станат многу популарни и употребувани, дизајнерите ќе продолжат да изненадуваат со CGI магија, а артистите ќе се борат да ни помогнат да добиеме визуелизација за концептите и идеите кои допрва ќе се појават на пазарот.

Извештајот на Depositphots за визуелните трендови, ги претставува идеите, темите и естетиката, со фокус на иднината во визуелната комуникација.

Оваа година, во соработка со креативните агенции низ светот, Depositphotos ги составија главните визуелни трендови за 2020-та година.

Според досегашните научени лекции, ако вие не сте во потрага по нови трендови - тие ќе ве најдат вас.

Визуелни трендови кои се предвидуваат за 2020-та:

1. THE WORLD OF TOMORROW

Една од најпопуларните теми за 2020-та, без сомнеж ќе биде проширената реалност (Extended Reality - XR). Facebook Horizon и Oculus Quest се стремат кон интегрирање на VR технологијата во нашите секојдневни животи.

Ова не само што ќе влијае на начинот на кој го поминуваме слободното време, туку ќе има влијание и врз начинот на кој купуваме и комуницираме. Подгответе се да се впуштите во виртуелна околина во домот, во продавниците, во уметничката и забавната индустрија.

Други популарни теми вклучуваат автоматика, роботика, поврзан свет (connected world), 5G, вештачка интелигенција, сајберспорт, Internet of things, вештачка невронска мрежа и здравје на клауд (cloud health).

Бизнисите ќе мора да најдат значајни начини за да се потпрат на последните технологии, а оние кои придонесуваат за микросток (комерцијалната) фотографија, ќе бидат првите кои ќе треба да ги достават нивните визуелни дела преку нивната имагинација потпирајќи се на најновата технологија.

„Новата технологија влијае на насоката во која одат визуелните комуникации и јасно се рефлектира во визуелната содржина која нашите корисници ја поставуваат на Depositphotos.

Со најновите развои во AI, IOT и XR, забележуваме неопходност од трендот на „глобална дигитализација“. Визуелната содржина мора да се приспособи, посебно за веб и мобилните интерфејси.

Забележуваме зголемена побарувачка за вертикални фотографии, дизајни и видеа, кои мора да бидат приспособени за VR и AR. Технологијата на иднината ќе биде овозможена со дизајн и илустрации кои ќе бидат соодветни на фотографиите и видеата.“ -  Tatiana Boksha, куратор на содржина во Depositphotos.

vizuelni-trendovi-vo-2020-ta-razmisluvajte-odnapred-002.jpg

2. NEON DYSTOPIA

Излегувањето на новите филмови може да предизвика сериозна популарност и публицитет, но во 2020-та, главна улога ќе имаат и видео игрите. Објавувањето на Cyberpunk 2077 ќе предизвика трансформирање на жанровите - од поп култура во научна фантастика, што ќе се фокусира на вештачката интелигенција, како помоќна од човештвото.

Сајберпанкот често се користи за да се пренесе подлабоко значење за нашето модерно општество, како што може да се забележи во епизодите на Black Mirror, Stranger Things и во филмот Blade Runner.

Како екстензија на естетиката на сајберпанкот, неон светлата и дистопијата, може да влијаат на визуелната комуникација. Трендот Neon Dystopia, со сајберпанк корени, веројатно ќе има влијание врз модната индустријата, но ќе си најде своја патека и во некои од полињата како уметност и дизајн.

„Она што гледате дека се случува, е тоа што сите овие различни дизајнерски елементи - 3D, Skeuomorphic, Flat, анимација и така натаму – стануваат сè повеќе поврзани. Со  VR, AR, AI и други нови технологии, оваа интеграција само повеќе ќе се нагласува.“ - Sebastiaan Scheer, дизајн директор во MediaMonks Амстердам.

vizuelni-trendovi-vo-2020-ta-razmisluvajte-odnapred-02.jpg

3. LIMIT AI TION

Се вели дека вештачката интелигенција се очекува да „преземе“ повеќе човечки задачи и обврски во 2020-та. Благодарение на зголемената компјутерска моќ, вештачката интелигенција напредува со брзина на светлината и ги надминува луѓето во учење на различни способности.

Оваа технологија исто така го менува шопинг искуството, но и учењето, а има големо влијание врз бизнисите и активноста на потрошувачите низ светот.

Другата страна на ова, се социјалните грижи за импликациите од овој брз напредок. Ако водечките технолошки земји, компаниите, артистите и општеството почнуваат да бараат решенија за сегашните грижи, треба да бидеме подготвени за сериозни разговори на тема AI во 2020.

Веројатно, тие веќе се започнати со последните решенија против уредите и алгоритмите за препознавање на лице, а грижите растат и за Deepfakes, сајбербезбедност, како и безбедноста генерално, па Илон Маск предупреди дека според него вештачката интелигенција е поопасна од нуклеарно оружје.

„Дојдени сме до работ за поткревање на свеста за негативното влијание на новите технологии. Верувам дека треба да се вратиме чекор назад и да научиме нешто од минатото, па би сакала во тренд да биде lowtech (едноставна технологија), а не напредокот на технологијата.

AI е само алатка, но мора да ги земеме обѕир многуте фактори, како rebound ефектот. На пример, ако нешто стане повеќе енергетски ефикасно и со тоа поевтино, може да го користиме повеќе. Но кои се последиците?“ - Anfi Sa,  интердисциплинарен уметник и уметнички директор во Super an der Spree

vizuelni-trendovi-vo-2020-ta-razmisluvajte-odnapred-04.jpg

4. BRING DOWN THE BAUHAUS

Во 2019-та беше прославен еден век од постоењето на Bauhaus школата. Пионерската естетика во фините уметности, продолжува да влијае на дизајнот денес и во наредните години. Уметниците често се потпираат на основите на Bauhaus движењето, додавајќи модерен пресврт во проектите.

Bauhaus естетиката е новата дефиниција за „помалку е повеќе“, а тоа ќе биде евидентно не само во занаетчиството, сликарството, текстилот, архитектурата и типографијата, туку и во веб дизајнот и графичкиот дизајн.

„Според мене, flat или semi-flat дизајнот, минимализмот и smooth motion искуството ќе продолжат да стекнуваат популарност, но дефинитивно ќе бидат однесени на ново ниво, со поинтензивна интерактивност и покомплексни транзиции и употреба на 3D елементи.“ - Martin Holoubek, извршен директор во PIXIT.

vizuelni-trendovi-vo-2020-ta-razmisluvajte-odnapred-05.jpg

5. BRUTALISM AND DIGITAL DECAY

Може да ви се допаѓа или да го мразите тоа, но не може да го игнорирате. Корените на брутализмот лежат во архитектурата, но концептот и стилот земаат голем замав и во дигиталниот свет исто така.

Пред 5 години се појави популарноста на брутализмот со зголемено внимание на архитектонскиот стил на Инстаграм. Денес овој бунтовен тренд ги тера дизајнерите, но и гледачите да излезат надвор од комфор зоната на совршеното работење.

„Сировата“ естетика честопати се применува кај веб страните и во графичкиот дизајн, и е дефинитивно освежување во морето од перфекционистички изгледи и „by-the-book“ композиции.

„Сведоци сме на многу случаи на „добар дизајн“ кој се граничи со здодевност. Навлезете во брутализмот. И покрај навидум лесното и едноставно извршување и слободата од правила, сепак далеку е од лесно за да се постигне нешто стилско.

Клучот лежи во тоа да се биде неконвенционален, да се привлече внимание, но да се избегне невкусниот изглед и да се задржи естетиката.“ - Evgeny Vetrov – уметнички директор во BBDO Warsaw

vizuelni-trendovi-vo-2020-ta-razmisluvajte-odnapred-06.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Туторијали за Halloween маски само со шминка (ако оставивте за последен момент) Ако во последен момент одлучивте да одите на некоја Halloween забава, а немате м...
Идеи за минималистички тетоважи за оние кои имаат нераскинлива врска со своето куче Ако љубовта кон вашето куче ви е посилна од сè, независно дали уште го чувате ил...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
„Лифт“ за чипс и уште 8 изуми со кои креативните дизајнери се надминале Направа која служи како лифт за вадење чипс од дното без да ги извалкате рацете,...
Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...
Минималистички тетоважи за родители - љубовта кон децата вечен цртеж на телото (фото) Ако сакате љубовта кон децата и семејството да ја врежете засекогаш на вашето те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg