10 скулптури што кријат моќни пораки

The Man Who Measures the Clouds од Јан Фабре

Ова е скулптура од маж кој е качен на скала и се обидува да ги измери облаците со линијар. Скулптурата го прикажува очајниот обид на човекот да го направи невозможното возможно, поради нашата бескрајна желба да се надминеме себеси.

https://www.instagram.com/p/Bzs7BoLjD-5/?utm_source=ig_embed

Inertia и The Banker од Џејсон Декер Тејлор

Овие две, заедно со другите подводни скулптури на Џејсон ги откриваат најголемите проблеми во модерното општество – опсесијата со материјалното богатство и изложеноста на влијанието од медиумите. Но покрај нивната порака, овие скулптури се и дом за коралите кои се на работ на истребување.

Уметникот се обидува да го привлече вниманието кон климатските промени и нештата што можеме да ги направиме за да ја заштитиме нашата планета.

View this post on Instagram

A post shared by Jason Decaires Taylor (@jasondecairestaylor)

View this post on Instagram

A post shared by Jason Decaires Taylor (@jasondecairestaylor)

Absorbed by Lights од Гали Лукас и Каролин Хинц

Ова е скулптура од тројца луѓе кои гледаат во нивните телефони и не се забележуваат едни со други – нешто што веќе ни стана секојдневие. Инсталацијата симболизира како модерната технологија нè поврзува, но истовремено и нè оддалечува.

View this post on Instagram

A post shared by stefan sagmeister (@stefansagmeister)

Trains to Life – Trains to Death од Френк Мејслер

Оваа скулптура ја сочинуваат два дела – 5 статуи од момчиња и девојчиња направени со темна бронза, и момче и девојче направени со посветла бронза. Децата гледаат во разни насоки и ги симболизираат двата исходи што ги очекувале децата за време на холокаустот.

Групата со 5 деца претставува 1,6 милиони еврејски деца кои биле убиени во концентрационите кампови, а скулптурите со светла бронза претставуваат 10.000 деца кои биле спасени и транспортирани во Англија.

https://www.instagram.com/p/BfYb59cgOKr/?utm_source=ig_embed

The Miraculous Journey од Дамијан Хирст

Оваа скулптура ја сочинуваат 14 огромни бронзени статуи и на секоја од нив е прикажана разна фаза од растот на ембрионот во стомакот на мајката. Бидејќи е храбра и експлицитна, скулптурата дури била покриена одреден период.

„Патувањето на бебето пред раѓањето е поголемо од што било што ќе искуси во неговиот живот. Се надеваме дека оваа скулптура ќе го воодушеви гледачот и ќе го натера да се чуди на овој човечки процес“, изјавил уметникот.

10-skulpturi-shto-krijat-mokjni-poraki-03.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шахти со кул цртежи и уште 11 неверојатни дизајни на јавни места низ светот Ветеринарна клиника со фасада во форма на куќарка за куче, автобуска станица во ...
Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...
Несразмерни прозорци и уште 11 ужасни „архитектонски“ дела низ светот (фото) Чудни доградби на фасада кои воопшто не одговараат во стилот на зградата, врати ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg