10 скулптури што кријат моќни пораки
The Man Who Measures the Clouds од Јан Фабре
Ова е скулптура од маж кој е качен на скала и се обидува да ги измери облаците со линијар. Скулптурата го прикажува очајниот обид на човекот да го направи невозможното возможно, поради нашата бескрајна желба да се надминеме себеси.
https://www.instagram.com/p/Bzs7BoLjD-5/?utm_source=ig_embed
Inertia и The Banker од Џејсон Декер Тејлор
Овие две, заедно со другите подводни скулптури на Џејсон ги откриваат најголемите проблеми во модерното општество – опсесијата со материјалното богатство и изложеноста на влијанието од медиумите. Но покрај нивната порака, овие скулптури се и дом за коралите кои се на работ на истребување.
Уметникот се обидува да го привлече вниманието кон климатските промени и нештата што можеме да ги направиме за да ја заштитиме нашата планета.
Absorbed by Lights од Гали Лукас и Каролин Хинц
Ова е скулптура од тројца луѓе кои гледаат во нивните телефони и не се забележуваат едни со други – нешто што веќе ни стана секојдневие. Инсталацијата симболизира како модерната технологија нè поврзува, но истовремено и нè оддалечува.
Trains to Life – Trains to Death од Френк Мејслер
Оваа скулптура ја сочинуваат два дела – 5 статуи од момчиња и девојчиња направени со темна бронза, и момче и девојче направени со посветла бронза. Децата гледаат во разни насоки и ги симболизираат двата исходи што ги очекувале децата за време на холокаустот.
Групата со 5 деца претставува 1,6 милиони еврејски деца кои биле убиени во концентрационите кампови, а скулптурите со светла бронза претставуваат 10.000 деца кои биле спасени и транспортирани во Англија.
https://www.instagram.com/p/BfYb59cgOKr/?utm_source=ig_embed
The Miraculous Journey од Дамијан Хирст
Оваа скулптура ја сочинуваат 14 огромни бронзени статуи и на секоја од нив е прикажана разна фаза од растот на ембрионот во стомакот на мајката. Бидејќи е храбра и експлицитна, скулптурата дури била покриена одреден период.
„Патувањето на бебето пред раѓањето е поголемо од што било што ќе искуси во неговиот живот. Се надеваме дека оваа скулптура ќе го воодушеви гледачот и ќе го натера да се чуди на овој човечки процес“, изјавил уметникот.
Спирова С. | Црнобело