10 брилијантни изуми кои го прават секојдневниот живот подобар
Пијте вино колку што ви дозволува вашиот буџет со овој едноставен ценовник
Колку пати до сега се случило да нарачате вино кое не ви е по ќеиф? Или колку пати до сега сте нарачале поевтино вино за на крај да ви остане половина шише? Како бонус, доколку го испиете целото шише, последната чашка е од куќата.
Играчки за кучиња кои содржат помала играчка во нив
Секако дека што и да купите за вашето куче, на крај ќе заврши искинато/изџвакано, па зошто да не купите играчка која содржи друга играчка во неа. Дуплирајте ја среќата кај вашето милениче со овој изум.
Следново е малку проблематично со нашиот менталитет
Паркинг гаража во која над слободните паркинг места свети зелено светло. Секако, за да биде оваа идеја успешна на овие простори, народот треба прво да научи при паркирањето да зафати едно паркинг место.
За полесно да ја спроведеме погорната идеја, еве интересен предлог
Линиите кои ги одредуваат паркинг местата, продолжуваат нагоре по ѕидовите, со цел возачите да можат полесно да го паркираат својот автомобил.
Кошници во супермаркет совршени за интровертите
Оваа продавница заслужува награда за иновативност. Тие имаат два вида на кошници, на едните пишува „можам сам/а“, а на другите „ми треба помош“. Конечно интровертите ќе можат да испазарат без да бидат „присилени“ да зборуваат со вработените.
еНВи | Црнобело