10 докази дека во маркетинг одделот на ИКЕА работат генијалци
Од Јапонија до Австралија, зошто рекламните кампањи на ИКЕА предизвикуваат огромно внимание низ целиот свет?
Ретко кој не го обожава шведскиот бренд за мебел ИКЕА. Интересни парчиња мебел по пристојни цени и тон неодоливи додатоци за во вашиот дом.
Но, покрај добрата палета на производи што ги нуди, ИКЕА се истакнува и по одличните рекламни кампањи.
Во нивниот маркетинг оддел дефинитивно работат генијалци.
Дел од нивните најкреативни кампањи:
Љубовта е комплицирана - но ИКЕА ги поедноставува работите.
Славење на денот на Вљубените - Гратис детско креветче за сите што ќе направат бебе на Валентајн во Австралија.
Тест за бременост во магазин - Поттик за зголемување на популацијата во Шведска преку кампања каде жените буквално требало да уринираат на страница од магазин за да утврдат дали се бремени.
Најкорисната книга на светот - Не се сите каталози за читање, со оние на ИКЕА можете и да мерите. Одлична идеја, зарем не?
Бесплатно градење на Снешко - Некои нивни начини на рекламирање навистина покажуваат дека тимот на ИКЕА има смисла за хумор.