Поранешни живеалишта на вештерки или обични згради: 11 објекти ширум светот со најстрашен изглед
Архитектонските градби многу често знаат да бидат навистина инспиративни. Да разбудат одредена емоција, многу интересно да се вклопат во самата околина, но и да бидат неверојатно чудни. па на момент и страшни.
Без разлика на перцепцијата којашто ја имаме за околината, во светот постојат голем број на објекти коишто оставаат силен впечаток и на еден посебен начин успеваат да ги придобијат нашите симпатии со својот морничав изглед.
Па, доколку сте фан на мистичните архитектонски изданија, погледнете кои објекти ширум светот ги „бие глас“ за најголеми „злобници“.
Црните кули во Прага, Чешка
Прага е дефинитивно еден од највпечатливите градови кои што можете да ги посетите.
Покрај идиличната глетка, вистинско внимание привлекуваат големиот број на црни кули кои без дилема изгледаат како поранешни живеалишта на вештерки и врколаци.
„AT&T Building“ – Нешвил, Тенеси
Минувачите низ своите коментари речиси секогаш посочуваат за огромната сличност на оваа зграда со величенствената градба на злото, кулата која го држи окото на Саурун („Eye of Saurun“).
Па, доколку и вие сте голем фан на трилогијата „Господарот на прстените“ („The Lord Of The Rings“) дефинитивно ќе се согласите со ваквата констатација. Сепак првобитна идеја на дизајнерот не била зградата да изгледа како во неа да живее злобниот волшебник.
Театерот „Шекспир“ - Гдањск, Полска
Театерот „Шекспир“ во Гдањск, Полска е изграден на местото на театарот од 17 век, познат како школа за мечување каде што англиските артисти изведувале дела од англискиот ренесансен театер.
Истиот претставува еден вид на експериментален објект во кој се искомбинирани елементи од претходниот театар и нова модерна технологија.
Внатрешниот дизајн е мистичен скоро исто колку и надворешниот изглед на градбата.
Музејот на уметноста – Денвер, Колорадо
Градбата на Музејот на уметноста во Денвер, Колорадо е нешто што дефинитивно нема да ве остави рамнодушни.
Иако изгледа како нешто што може да ве повреди, музејот претставува неверојатно импресивна градба која предизвикува вистинско воодушевување кај минувачите.
„Rynok Square 4“ – Лавов, Украина
Со својот готски стил од 16 век, како и статуите од светци, оваа куќа изгледа навистина вознемирувачки.
Со сегашниот изглед била заменета средновековната структура, која што била уништена при пожар во 1511 година.
„DC Tower“ - Виена, Австрија
Нешто околу дизајнот на оваа зграда предизвикува длабоко вознемирувачко чувство. Голем дел од минувачите се со истиот став, без разлика каков бизнис и да се мати во внатрешноста на овој објект, никој не би сакал да е во близина на вака накосените црни прозорци.
Со ваков надворешен дизајн оваа зграда изгледа како да е дел од филмскиот концепт „Matrix“