Најфасцинантните градби на кои човештвото работи во моментов
7. King Abdullah Petroleum Studies and Research Center
Можеби не може да се пофали со својата височина, но тоа не го прави помалку фасцинантен од другите. Оваа градба сместена во Саудиска Арабија плени со футуристичкиот дизајн заснован на испреплетени шестаголни клетки.
8. Suzhou Zhongnan Center
Пред некое време Кина започна со изградбата на оваа 730-метарска кула која ќе чини 4,5 милијарди долари. Иако е предвидено изградбата да трае долго, се смета дека истата ќе биде завршена во 2020-та година, при што во тој момент би била највисоката зграда во Кина и трета по висина во светот.
9. Lotte World Tower
Значително повисока од сите останати згради во Сеул, Јужна Кореја, 556-метарската кула би требало да биде завршена во 2016-та година. Предвидено е да содржи продавници, канцеларии, апартмани, хотели и платформа за набљудување на самиот врв.
10. Dawang Mountain Resort
Ова ремек-дело на човештвото треба да биде отворено во 2016-та година. Предвидено е да вклучува затворен лизгачки комплекс составен од лизгалишта, воден парк и висечки градини.
11. The Songjiang Hotel
Лоциран во Кина, хотелот треба да биде изграден помеѓу два гребени под кои се простира прекрасно езеро. Согласно плановите, предвидено е хотелот да содржи водопад кој ќе тече буквално по неговите надворешни ѕидови. Ако се плашите од височина и не сакате да гледате нагоре, тогаш само продолжете кон најниските катови и уживајте во подводниот свет, бидејќи долните катови се наоѓаат под вода.
М. С. | Црнобело