Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најголемата грешка што ја прави секој хороскопски знак во љубовните врски

najgolemata-greshka-shto-ja-pravi-sekoj-horoskopski-znak-vo-ljubovnite-vrski-02.jpg

Вага

Знаете да бидете пасивно агресивни и ја имате најубавата лажна насмевка, но кога нешто не ви се допаѓа за неколку секунди се претворате од ангел во демон, со вас опасност го демне партнерот во секој миг.

Скорпија

Креирате драма наместо да функционирате како тим со партнерот, кај вас постојано е сè или ништо, мир или војна, екстремни сте и одите во крајности, не барате помош и знаете огнено да реагирате кога сте нерасположени.

Стрелец

Не сте искрени во врска со своите емоции, за вас животот е забава и игра и во поголемиот дел од времето не ги споделувате ваште емоции, соништа и стравови, дури и кога ќе се случи тензична ситуација не разговарате отворено со партнерот за тоа.

Јарец

Очекувате дека сите во еден миг ќе ве повредат, градите живот заедно со партнерот, но во себе сте песимисти, тоа како да ви е одбранбен механизам да немате големи очекувања, но мора да се справите со стравот и да се опуштите.

Водолија

Секогаш морате да победувате и да, супер паметни сте, но врската не е натпревар и поле за контрола, навистина нема потреба постојано да се натпреварувате со партнерот и да нагласувате дека сте интелектуално надмоќни.

Риби

Жртвувате делови од себе во име на врската и често ги игнорирате црвените знаци, па се откажувате од соништа и пријателства во име на љубовта, а така ниту ќе блескате, ниту ќе бидете среќни.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg