Финансиски хороскоп за декември 2021: Бикови – Ќе се расфрлате со пари, Скорпии - неочекувани добивки
Вага
Ова не беше совршена година за вас на финансиски план, па во декември ќе мора многу да внимавате.
Гледате дека заштедите полека се трошат, но на крајот на месецот ќе имате неочекувани можности за подобрување на финансиската состојба.
Можни се понуди за ново работно место или за некое партнерство што ќе ве воодушеви – крајот на оваа година ќе ви донесе нови почетоци.
Скорпија
Во ноември имавте малку поголеми трошоци, па затоа последниот месец од годината ќе го започнете внимателно.
Но, немате простор за грижа, во текот на целиот месец ќе имате доволно пари за да ги покриете животните трошоци, а околу 15-ти во месецот можна е и неочекувана добивка.
Стрелец
Познати сте по тоа што сакате да им угодите на своите блиски, па уште на почетокот на месецот парите ќе ги потрошите на подароци за членови од семејството, пријателите, па дури и колегите.
За време на целиот месец ќе трошите пари на ситници, декорации, подароци, а пред вас се и неколку родендени па можно е дури и да претерате со трошењето поради искрената желба да израдувате некого што го сакате.
Јарец
Сите околу вас трошат неконтролирано водени од претпразничната еуфорија, но вие овој месец ќе штедите и ќе се подготвувате за почетокот на 2022-та година кога себеси ќе си подарите некое патување.
Ќе бидете рационални со парите, а кон средината на месецот ѕвездите ви предвидуваат неочекувани добивки што само ќе ви помогнат за остварување на замислените цели.
Водолија
Цела година внимававте со парите и сметате дека на крајот на годината треба и да се почестите.
Од средината на месецот ѕвездите ви предвидуваат нови почетоци, па тоа ќе биде одличен период за да одлучите каде да ги инвестирате парите и што е она што навистина ќе ве направи среќни.
Риби
Во декември финансиската состојба ќе ви биде подобра отколку во изминатите месеци. Ќе бидете стабилни во текот на целиот месец, но веќе ќе почнете да планирате што сè што треба да купите следната година.
Воглавно сконцентрирани сте на тоа да набавите нови работи за домот, а планирате да вложите повеќе пари.
Најдобро е да направите добар план и добро да пресметате колку пари навистина сте подготвени да потрошите.
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: freepik.com
Би можело да ве интересира:





