Љубовен хороскоп за октомври 2019: Овните ќе имаат афера, Скорпиите ќе прават сплетки
Почетокот на есента ви носи нови доживувања, предизвици и изненадувања на љубовно поле – дали ќе бидете задоволни или ќе бидете благо разочарани овој октомври?
На љубовно поле на некои ќе им се посреќи во врските, слободните припадници на одредени знаци ќе ја најдат својата сродна душа, а на некои ќе им биде подобро да останат сами...
Што ве очекува овој октомври на љубовно поле, според хороскопот?
Овен
Ако сте во врска:
На почетокот на месецот можно е да паднете во искушение да започнете афера, која ќе ви донесе тешкотии во односот со саканата личност. Партнерот ќе покаже љубомора и страстите ќе ви бидат на високо ниво, па нема да може да ја контролирате ситуацијата. Избегнувајте кавги и непријатни сцени. Кон крајот на месецот ситуацијата ќе се стабилизира.
Ако сте слободни:
Ќе бидете склони кон личности кои не се слободни, а страста нема да ви дозволи разумно да размислувате, па можно е да се најдете во непријатни ситуации. Сепак, набрзо ќе се откажете од оваа авантура и кон втората половина на октомври ќе запознаете некој што на прв поглед ќе ви се допадне. До крајот на месецот можно е да започнете врска која има потенцијал.
Бик
Ако сте во врска:
Ќе ви се отворат интересни можности да ја зачините врската и да ги подобрите односите со партнерот. Ќе направите некои нови планови и заеднички ќе ја договарате иднината. Не ги пропуштајте шансите за кратки викенд патувања и препуштете се еден на друг. Време е да исполните некои ветувања од претходно, а тоа ќе се оствари до крајот на месецот.
Ако сте слободни:
Очекувајте повеќе забава и запознавање нови луѓе. Посебно ќе се издвои една личност која ќе ви пружи внимание и ќе покаже симпатии кон вас, но нема да биде доволно за да се впуштите во нешто посериозно. Доколку во меѓувреме нема потенцијални избраници, може да ѝ дадете шанса на оваа личност. Кон крајот на месецот може да се појави некоја љубов од минатото...
Близнаци
Ако сте во врска:
Ќе уживате во интимните и пријатни заеднички моменти кои ќе ги имате со саканата личност. Ќе ви паднат напамет голем број забавни и креативни активности со кои ќе ја живнете атмосфера на љубовно поле. Еден со друг ќе имате разбирање и ќе си нудите заедничка поддршка и мотивација. До крајот на месецот уште повеќе ќе ви се подобри комуникацијата и ќе откриете дека имате многу заеднички цели.
Ако сте слободни:
Во првата декада на октомври ве очекува запознавање со некоја личност која ќе ве заинтересира со своите квалитети, знаење, убавина и оптимистичен дух. Ќе откриете дека имате заеднички интереси и дека сакате да се впуштите во заедничка авантура. До крајот на месецот работите ќе се одвиваат динамично и можно е да започнете врска.
Рак
Ако сте во врска:
На почетокот на месецот ќе имате поголеми несогласувања со партнерот, а вашата тврдоглавост нема да ви биде од корист. Нема да ги слушате сугестиите од блиските и ќе инсистирате на вашите замисли. Подобрување на односите и ситуацијата ве очекуваат кон крајот на месецот кога ќе покажете блага попустливост. Сепак, тоа нема да трае долго.
Ако сте слободни:
На почетокот на октомври ќе запознаете личност која ќе ве привлече и во која ќе се заљубите на прв поглед. Ќе почнете да се гледате често и страстите ќе се разгоруваат. Сепак, набрзо ќе сфатите дека тоа не е личност за вас, бидејќи не сакате никој да ве контролира. Кон крајот на месецот ситуацијата ќе ескалира и ќе го завршите односот засекогаш.
Лав
Ако сте во врска:
Во првата декада на октомври ќе имате несогласувања со партнерот, бидејќи двајцата ќе имате различни гледишта на врската. Нема да може да се усогласите како да го поминувате заедничкото време, што ќе доведе до кавги. Во втората половина на месецот напнатоста ќе се намали и ќе се потрудите повеќе да разговарате за меѓусебните потреби и желби.
Ако сте слободни:
Ќе бидете преокупирани со неколку личности кои ќе ви се вртат низ глава и со кои ќе се занимавате. Имате поставено повисоки критериуми, па нема да ви биде лесно да одлучите која го заслужува вашето целосно внимание. Ќе одберете ведра и оптимистична личност, која сака патувања, нови искуства и авантури. Нема да се разочарате.
Девица
Ако сте во врска:
Цел месец среќата ќе ви биде наклонета на љубовно поле. Нема да имате многу несогласувања, освен околу некои ситници. Не ја запоставувајте комуникацијата и отворајте што повеќе теми за да ги подобрите односите. Најмногу време ќе поминувате во домашна атмосфера, а ќе направите планови околу некои инвестиции за домот и иднината.
Ако сте слободни:
Ве очекува возбудлив месец на љубовно поле, а ќе имате многу шанси за започнување врска. Потребна ви е стабилна личност со која ќе може да се смирите и да бидете сериозни. Ќе одберете токму таква, но по кратко време ќе се докаже спротивното. По низа несогласувања, ќе ја прекинете авантурата.