Една лага која сите си ја кажуваме за љубовта, според хороскопскиот знак
Вага
Маж – Врските не треба да бидат толку тешки. Може да се преправате колку сакате дека врските не бараат труд, сепак вистината е тоа. Ако сакате силна врска, мора да се соочите со тешкотиите.
Жена – Тој е крив. Време е да престанете да го обвинувате саканиот за секоја ситница и да почнете да признавате дека некогаш и вие сте виновни за нешто.
Скорпија
Маж – Совршените парови никогаш не се расправаат. Дури и најидеалните парови имаат кавги понекогаш и не треба да се чуваат работите во себе, ниту пак да се игнорираат дека постојат.
Жена – Во врската мора да се прават жртви. Подготвени сте да направите сè, но не се преправајте дека со тоа што се жртвувате само себе ќе направите врската да цвета.
Стрелец
Маж – Таа никогаш нема да дознае. Вистината секогаш излегува на површина, порано или подоцна, па најдобро е да бидете искрени или да не правите работи со таа цел и замисла.
Жена – Треба да бидеме заедно 24/7. Тотално е нездраво да бидете заедно постојано, независно во која фаза е врската. Колку и да е забавно, на секој му е потребно време за себе.
Јарец
Маж – Ништо и никој друг не е важен. Секако дека партнерката и врската треба да ви бидат највисоко на листата приоритети, но никако не смеете да заборавите на сите други активности, личен развој, пријатели и семејство.
Жена – Ќе помине – сè во свое време. Може да се тешите колку сакате, но работите не поминуваат сами од себе. Секако, некогаш е потребно време, но не може да не правите ништо и проблемите да исчезнат. Кога – тогаш, пак ќе се појават.
Водолија
Маж – Таа е вистинската. Во ред е да ја најдете вистинската, но не може истото да си го велите за секоја, нели? Не избрзувајте, за таа да биде вистинската, потребни се многу исполнети критериуми и постојат многу важни фактори кои не може да ги видите во првите месеци.
Жена – Сè е во ред. Најголемата лага што може да си ја кажете е дека сè е во ред, кога очигледно гледате дека не е. Не се обидувајте да ги избегнете проблемите и да се тешите дека не постојат.
Риби
Маж – Ќе се појави некоја подобра. Не почнувајте врска ако мислите дека таа не е вистинската и дека секогаш може да си најдете подобра. Ако додека сте во врска си барате подобра замена, тогаш воопшто не треба да сте во врска.
Жена – Нема да најде подобра од мене. Секогаш може да се најде подобра замена за секого, па наместо да живеете во заблуда, обидете се навистина да го исполнувате тоа. Секој има свои недостатоци, па поработете на вашите.
M. M. | Црнобело