Хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа во деновите околу Велигден
Бик - Шарм, љубов и стабилност
Втората половина на април е период кога почнува владеењето на Бикот, а со тоа ќе се зголеми и вашата среќа.
Клучниот фактор за вашиот напредок и среќа е директното движење на Венера, вашата владејачка планета. Поради тоа до израз ќе дојде вашиот неодолив шарм, а тоа ќе ве направи магнетски привлечни за околината.
Во деновите околу Велигден ве очекува „процут“ во сите врски - од романтични до платонски пријателства.
Ќе чувствувате подлабока поврзаност со саканите, а со некои од нив ќе почнете комуникација каква што претходно не сте можеле да ги замислите.
Ова е период кога особено ќе ги цените малите животни задоволства и ќе уживате во сите убавини што ќе се појават пред вас.
Истовремено не се исклучени ни големи животни моменти, па некои Бикови ќе бидат запросени или ќе ја запросат саканата личност.
Бидејќи сте приземни, а во комбинација со силното влијание на Венера, целиот период околу Велигден ќе ви биде исклучително поволен за уживање во сите аспекти на животот.
Ова е идеално време целосно да се препуштите на љубовта и да најдете стабилност, не само во емотивниот живот, туку и во сите области од животот.
Астролозите препорачуваат во овој период да ги ажурирате своите планови и цели, да поставите темели за иднината, без разлика дали се работи за романтични врски, кариера или личен развој.
Работите ќе почнат да си доаѓаат на свое место на речиси магичен начин, отворајќи нови можности за постигнување на долго посакуваните цели.
Ова е совршено време и за продлабочување на постоечките врски или, ако сте сами, да го отворите срцето за нови можности.
Водолија - Неочекувана среќа на ден Велигден
Иако април може да донесе нови предизвици на Водолиите (особено поради Нептун чие влијание може да предизвика сомнеж и неодлучност), овој период нуди и уникатни можности за раст и самооткривање.
Поради влијанието на Нептун Водолиите може да поминат низ фаза на привремена несигурност во одлучувањето, особено кога станува збор за долгорочните планови или важните животни избори.
Но оваа фаза на неодлучност не е негативна, напротив, ќе ви помогне подлабоко да ги разберете сопствените желби и мотивации.
Вашата креативност ќе ви помогне да најдете иновативни решенија за долгогодишните проблеми.
Во исто време, може да доживеете и денови на емоционално преоптоварување, но тоа ќе престане токму на Велигден и во деновите по празникот ќе бидете смирени и неоптоварени со ништо.
Иако ве очекува голема среќа, запомнете дека е важно да бидете претпазливи при донесувањето важни одлуки, особено финансиски (се препорачува големите одлуки да ги одложите за понатаму).
И покрај предизвиците, овој период ќе ви понуди и ретка можност за духовен раст и продлабочување на самоспознавањето, а сето тоа ќе резултира со значајни лични трансформации во наредните месеци.
И запомнете, среќата не треба да ја барате - таа ќе дојде пред вас на 20 април, а ќе се манифестира како понуда за работа, нов партнер, идеја за капитална инвестиција, понуда за брак...
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





