Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Финансиски хороскоп за март 2025: Кои знаци ќе загубат пари, а кои ќе се збогатат?

finansiski-horoskop-za-mart-2025-koi-znaci-kje-zagubat-pari-a-koi-kje-se-zbogatat-02.jpg

Вага

На финансиски план нема да се сменат многу работи - нема да заработите повеќе пари, но нема да имате ни загуба.

Ако сте на некоја раководна позиција, можно е да потпишете договор со кој веќе од следниот месец ќе ви исплаќаат повеќе пари.

Не земајте кредит ни финансиска позајмица од пријателите, особено не во втората половина од месецот, бидејќи на долг рок ова ќе се покаже како лоша одлука.

Скорпија

Ако сакате да заработите повеќе, тогаш месецов мора да вложите повеќе напор од вообичаено.

Но, крајниот резултат, односно, повеќе пари во вашиот буџет, ќе ви бидат сатисфакција за тоа што се исцрпивте физички и психички во изминатиот период.

Доколку имате мали деца, месецов е можно да имате поголеми трошоци поврзани со нив и нивните потреби/барања.

Стрелец

Очекувате прилив на пари од некој проект или наследство, но работите одат бавно, па можно е ни во март да не ги добиете очекуваните пари.

Од друга страна, нема да имате поголеми и неочекувани трошоци, што ќе донесе баланс во вашиот буџет.

Ако имате поголема заштеда, размислете парите да ги ставите на штедна книшка во банка и да ги орочите.

Јарец

Доколку работите во сферата на комуникациите и маркетингот, овој месец ќе имате значително поголем прилив на пари од вообичаено.

Некое вложување од минатото ќе вроди со плод, а вие конечно ќе ги добиете парите кои ги очекувавте.

Кон крајот на март некои Јарци ќе добијат понуда за ризичен финансиски потфат - не се залетувајте мислејќи дека ќе заработите многу пари - поверојатно е да имате загуба.

Водолија

Ако сакате да заработите повеќе месецов, можете да им понудите помош на некои пријатели или членови на семејството и да работите за одреден хонорар.

Втората половина од март ќе биде поволна за склучување договори или за да почнете со нова работа - сето ова ќе ви донесе пари на долг рок.

Доколку сте невработени, а ви требаат пари, позајмете само колку за основните потреби, но не се задолжувајте повеќе од тоа.

Риби

Ако работите со странство, или имате семејство кое живее надвор од нашата земја, овој март можете да очекувате да заработите повеќе/да ви испратат поголема сума на пари.

На почетокот на месецот некои Риби ќе добијат и најава за зголемување на платата.

Доколку имате работи кои мора да ги купите неопходно, направете го тоа на почетокот на март, за потоа да можете да имате увид во остатокот од парите со кои располагате.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Финансиски хороскоп за септември 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат потешкотии со парите... Вага - Ако размислувате за нова работа и повеќе пари, почекајте до следниот...
Хороскоп за Денот на вљубените: Во каква состојба сте на љубовен план, според вашиот знак? Лав: Љубовниот живот во реалноста ќе ви биде поблескав од сé што се сервира на И...
Финансиски хороскоп за јуни 2024: Јарци - не земајте кредити, Бикови - намалете ги трошоците Риби - Рационално трошете ги парите и до средината на месецот не се впуштајте во...
Финансиски хороскоп за јануари 2025-та - Кои знаци ќе имаат загуба, а кои ќе се збогатат овој месец? Вага - Ако имате свој бизнис, ова ќе биде тежок месец за вас на финансиски ...
Финансиски хороскоп за февруари 2025: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе загубат пари? Стрелец - Овој месец ќе ви донесе голем финансиски стрес, но по проблемите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg