Зошто не можете да си ја подобрите финансиската состојба, според хороскопскиот знак?
Вага
Вие сакате хармонија и по секоја цена избегнувате конфликти, а некогаш токму ова ве кочи и не ви дозволува да си ја подобрите финансиската ситуација.
Поради ова, доста често избегнувате некоја одлука, без разлика што знаете дека ќе ви донесе финансиска добивка.
Не заборавајте дека некогаш мора да се соочите со конфликти и да ги браните вашите ставови ако сакате да добиете нешто.
Скорпија
Вашиот однос со парите постојано се менува – некогаш сте подготвени да направите сè за добивка, но некогаш ви е страв да направите чекор напред.
Но, можеби најголем проблем ви е тоа што ви е тешко да им верувате на другите.
Мислите дека буквално секој сака да ве измами, не прифаќате помош и со ова сами си ги саботирате шансите за успех.
Стрелец
Вие сте визионер кој секогаш ја гледа големата слика.
Иако ова е одлично за инспирација, некогаш не ви дозволува да се фокусирате на практичниот дел.
Имате визија и знаете што сакате, но не одвојувате време да размислите како да стигнете до тоа.
А, кога само мечтаете и не преземате ништо, тешко дека некогаш ќе си ја подобрите финансиската ситуација.
Јарец
Вие сте мотивирани и амбициозни, но стравот од неуспех некогаш ве кочи.
Не сакате многу да ризикувате и повеќе ви годи кога правите нешто што веќе ви е пробано.
Но, ако постојано го правите истото, не можете да очекувате поголема добивка од претходно.
Некогаш мора да направите и некоја промена ако сакате да постигнете повеќе.
Водолија
Парите не ви се главниот фокус и обично ова е и причината зошто се соочувате со финансиски проблеми.
Поважни ви се големите идеи и социјалните проблеми отколку вашиот приход и обрнувате внимание на парите единствено кога навистина ќе заглавите.
Иако е во ред што парите не ви се главна окупација, егзистенцијата сепак зависи од нив, па одвреме-навреме размислете како може да си ја подобрите финансиската состојба.
Риби
Чувствителноста и интуицијата ви се најсилното оружје, но неретко ова не ви дозволува да ја подобрите финансиската состојба.
Премногу сте чувствителни на секој неуспех, па плашејќи се дека нема да си го остварите планот, се откажувате уште на почетокот.
Кога станува збор за финансиските цели, пробајте да ги разглобите на помали делови и постепено движете се напред.
Спирова С. | Црнобело