Хороскопските знаци рангирани според нивната самоконтрола (еден од нив дејствува без размислување)

rangiranje-na-horoskopskite-znaci-od-onie-koi-imaat-najmnogu-samokotrola-do-onie-koi-voopshto-ja-nemaat-01.jpg

Лав

Забавните Лавови ќе направат сè за да измамат насмевка на туѓото лице. Овие личности имаат големо срце, а кога се возбудени, ќе ја искористат сета своја самодисциплина за да го остварат тоа.

Тие може да бидат и малку суетни и нарцисоидни, па најчесто самоконтролата се врти околу нивниот изглед, како диета, вежбање, третмани за убавина.

Но, многу често сакаат само да уживаат и не се загрижени за друго.

Риби

Ако нивната задача е усогласена со нивните духовни цели, вредности и верувања, тие ќе ја искористат сета самоконтрола што ја имаат за да го исполнат тоа.

Сепак, најчесто тие се премногу зафатени со мечтаење, па не се фокусираат доволно на самодисциплината.

Рак

Раковите можеби покажуваат воздржаност кога станува збор за практични работи, како работа, исхрана и вежбање, но, вистината за овој хороскопски знак е дека нема емоционална самоконтрола или регулирање.

Овие личности се многу чувствителни и немаат научено како да ги искористат своите интензивни чувства и склони се кон испади или непромислено однесување.

Нема ништо лошо во тоа да бидете ранливи и да им покажете на другите како се чувствувате, само што Раковите понекогаш тоа го прават на несоодветен начин.

Близнаци

Близнаците се многу внимателни и енергични, при што може да се изненадите дека немаат самодисциплина.

Иако имаат многу големи идеи, на овие личности им недостига фокус и самоконтрола за да ги реализираат.

Премногу лесно им се одвлекува вниманието од следната нова цел, па ги напуштаат проектите и оставаат полузавршена работа.

Стрелец

Стрелците имаат страст и волја, но она што го немаат е посветеност или самоконтрола. Тие секогаш доцнат и имаат тенденција да прават сè прекумерно – пиење, јадење, зборување, трошење…

Тие сакаат да го живеат животот во целост, што може да биде инспиративно и возбудливо, но не е многу практично кога станува збор за секојдневните работи како готвење, чистење и слично.

Овен

Не дека личностите родени во знакот Овен немаат амбиции или самодисциплина – кога сакаат нешто тие смело го следат.

Но, имаат нула самоконтрола и дејствуваат без размислување. Започнуваат проекти со возбуда и ентузијазам, а кога не добиваат веднаш задоволство, брзо им поминува меракот.

М. Ѓ. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg