Како да заспиете најбрзо, според хороскопскиот знак?
Вага
Вагите најлесно заспиваат со книга. Понекогаш им е доволно да читаат и 5 минути и да им се приспие, а некогаш ни 30 минути не им се доволни за да ги совлада сонот.
Скорпија
Скорпиите најбрзо заспиваат ако претходно имале секс. Ова не важи за сите, но некои ги стимулира да се опуштат до таа мера, што веднаш по сексот заспиваат.
Стрелец
За да заспијат лесно навечер, Стрелците не смеат да спијат на пладне. Дури и да поспијат 15-20 минути попладне, тоа ќе им го уништи сонот.
Јарец
Јарците најлесно заспиваат ако следат вечерна рутина од која не отстапуваат, но и да си легнуваат секоја вечер во исто време. Сè што ќе им ја поремети рутината им го уништува и сонот.
Водолија
Пред да заспијат, Водолиите сакаат да каснат неколку залаци. Тоа може да е овошје или неколку грицки, но нив им е најважно да не си легнуваат со празен стомак (дури и да вечерале половина час претходно).
Риби
За да заспијат, Рибите прават вежби за дишење или јога вежби за растегнување, бидејќи веруваат дека ова ги опушта и потоа полесно заспиваат.
А. Ј. | Црнобело