Како ќе влијае ретроградниот Меркур, кој трае до 15 септември, на секој хороскопски знак?

Близаците, Девиците, Стрелците и Рибите најсилно ќе ги почувствуваат последиците на ретроградниот Меркур. Како ќе влијае оваа појава на вашиот хороскопски знак?

kako-kje-vlijae-retrogradniot-merkur-koj-trae-do-15-septemvri-na-sekoj-horoskopski-znak-01_copy.jpg

Ретроградниот Меркур овојпат е во знакот на Девица. Почнува на 23 август и ќе трае до 15 септември.

Во овој период можете да очекувате лоша меѓучовечка комуникација, проблеми со дневните обврски, но и ненадејни средби со луѓе од минатото – сè што може да ви го наруши секојдневието.

До 15 септември ќе може да здивнат само Биковите и Јарците.

Најмногу погодени ќе бидат Близаците, Девиците, Стрелците и Рибите – тие најсилно ќе ги почувствуваат последиците на ретроградниот Меркур.

Како ќе влијае ретроградниот Меркур на секој хороскопски знак?

Овен

Ќе губите фокус на работа, ќе заборавите некој состанок или ќе се успиете и ќе доцните – ќе ви биде тешко да ја задржите работната дисциплината.

Обидете се да направите баланс и ако треба водете календар со сите дневни активности.

Бик

Ако постои нешто што сте сакале да го направите како тинејџер или во младоста, а не сте успеале, сега е време да си ја исполните желбата, бидејќи овој ретрограден Меркур ќе влијае позитивно на вас.

Ќе бидете полни со енергија и задоволни од животот.

Близнаци

Во текот на овој ретрограден Меркур слушајте убаво.

Обрнувајте повеќе внимание на ситниците и обидете се да расудувате правилно – не сè што ќе ви кажат е точно, па може да се „изгорите“ ако реагирате импулсивно.

Рак

Овој ретрограден Меркур ќе ви донесе мали финансиски проблеми, па некои од вас ќе мора да ја искористат заштедата.

Но, штом помине 15 септември, почнете да тргате пари на страна и да штедите, да го вратите тоа што ќе го потрошите овие денови.

Лав

Во наредните денови вашиот фокус ќе бидат финансиите.

Бидете внимателни ако сакате да вложите во нешто – направете темелно истражување, консултирајте се со пријатели или соработници кои се експерти и дури потоа одлучете што е најдобро за вас.

Девица

Престанете да ги преиспитувате своите избори и да се грижите дали сте донеле исправна одлука.

Не се оптоварувајте со работи на кои не можете да влијаете.

Обидете се да бидете сочувствителни кон другите луѓе.

Ако имате големи планови, препорачливо е да ги ставите на пауза и да продолжите по 15 септември.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg