Детективска задача која ќе ја решат само луѓето со изострено око за детали
Деснак или левак?
Обрнете внимание на предметите на масата. Пепелникот, кока колата, цигарите стојат на левата страна, што значи дека жртвата е левак, а пиштолот го држи во десната рака.
Писмо на масата
Пенкалото е на левата страна од хартијата што посочува дека на листот пишувала жртвата. Но, нема податоци дали тоа е проштално писмо пред самоубиство или некоја обична белешка.
И покрај тоа што од прозорецот се гледа дека е темно надвор, ламбата е исклучена. Тоа е чудно со оглед на тоа што жртвата имала слаб вид, судејќи по диоптерските очила на масата.
Можеби напишала нешто додека сè уште било ден? Тогаш, не станува збор за самоубиствена порака. Сигурно немала да чека толку време од пишувањето на порака до извршувањето на делото.
Крв и положба на тело
Дамката од крв посочува дека ако жртвата го држела пиштолот во десната рака, морала да седне на масата со грбот кон прозорецот или со грбот кон ѕидот.
Како и да е, телото немало да биде на местото во која сега се наоѓа.
Цигара
Девојката има цигара во левата рака, што е чудно ако е самоубиство.
Пред да се самоубијат луѓето прво ги завршуваат сите работи што ги имаат. Сигурно прво ќе ја допушела цигарата.
С. С. | Црнобело