Нова оптичка илузија која ќе ве измачи: Дали двете слики се различни или идентични?

Верувале или не – се работи за идентични фотографии! Сликата е гледана милиони пати и никој не може да сфати во што е трикот.

nova-optichka-iluzija-koja-kje-ve-izmachi-dali-dvete-sliki-se-razlichni-ili-identichni-01.jpg

Еден корисник напишал: „Ова е многу чудно. Можам да кажам дека е истата слика, но мојот мозок не сака да верува во тоа. Што е тоа што прави да се случува ова?“

Друг напишал: „Мене ми изгледа како улицата да оди во различни насоки, како едната да се одвојува од другата.“

Па, ако и вие го измачивте вашиот мозок, Reddit корисник ја решил мистеријата:

„Тоа е така заради тоа што двете улици се спојуваат во долниот дел на сликите. Вашиот мозок се обидува да го перцепира ова како една слика со двоење на улици и затоа левата слика мора да биде во малку поразличен агол од десната.“

Луѓето со помош на линијари и хартија, но и на други начини проверувале дали деловите од двете слики се поклопуваат и не им се верува дека тие се всушност паралелни.

Можете ли да си поверувате на очите?!

nova-optichka-iluzija-koja-kje-ve-izmachi-dali-dvete-sliki-se-razlichni-ili-identichni-03.gif

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Визуелен предизвик: Пронајдете само една грешка на сликата Грешката на оваа илустрација се наоѓа толку лесно, што сигурно ќе ја забележите ...
Оптичка илузија: Колку кругови има на илустрацијата? Многу луѓе не можат да дадат точен одговор на ова прашање, но дали ќе ви успее в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg