Што видовте прво? – Брз психолошки тест за она што ви се случува во животот
1. Лулашка
Симбол на психичко, еволутивно и динамично движење. Вие имате внатрешна рамнотежа и младешки дух, но и желба за бегство, потрага по нови средини и нови вредности. Немирни сте, неуморни, бликате со енергија и страст за животот.
2. Кутии
Се одликувате со стабилност, но по природа сте интровертни и постојано затворени. Се плашите од преземање ризици и секој свој чекор го анализирате по стотина пати. Ова ве преморува и на крајот се обесхрабрувате, убедени дека секој потег ви е осуден на пропаст.
3. Скршено огледало
Порано сте бликале со самодоверба, но нешто го скршило вашиот дух, слично како и огледалото. Постојано сте во потрага по валидација и докажување, а најчесто не знаете како да одговорите на комплименти и ласкања.
4. Тркало
Симбол за бавна прогресија. Вие постојано ги повторувате истите работи во вид на едно циклично, опсесивно движење. Потоа се прашувате зошто не остварувате подобри резултати. Секогаш го барате виновникот кај некој друг, освен во себеси.
5. Чекан
Агресивни сте и сметате дека најдобриот начин за правење на работите е насила. Всушност, носите некој длабоко скриен внатрешен конфликт во себе за кој ви е страв да ѝ се отворите на некоја друга личност.
6. Кукла
Сè уште не можете да го преболите детството и тинејџерските спомени. Тешко ви е да пораснете и да преземете одговорност во животот. Премногу се потпирате на помошта од родителите и најблиските.
7. Книги
Интелектуални сте, но најголем дел од времето фантазирате и сте со главата во облаци. Не го користите потенцијалот на вистинското место поради мрзеливост или срамежливост и преферирате да си живеете во свој мал свет.
8. Врамена слика
Стабилни сте, емпатични и имате премногу емоции кои сепак во најголем дел од времето добро ги контролирате. Умеете да им помогнете на луѓето и да се ставите во нивната положба кога е тоа потребно без да ги осудувате.
9. Решетки на прозорецот
Имате чувство дека се задушувате и дека секој ден е крајот на светот. Се самоизолирате од сè и сите, одбивате да реагирате и да комуницирате. Многу веројатно е дека сте оптоварени со чувства на депресија, анксиозност и страв.
10. Скршено столче
Некаква лоша, трауматична ситуација од минатото не ви дава мир, ниту простор за одмор и релаксација. Додека не ја решите препреката нема да почувствувате стабилност во животот и секогаш ќе гледате назад наместо напред.
11. Кошница со јаболка
Се одликувате со мудрост и знаење. Може да се каже дека конечно сте на вистинската патека во животот и уживате во сите достигнување за коишто сте работеле вредно и напорно. Единствено ви е жал што поминавте толку многу време одвоени од пријателите и семејството.
12. Скала
Во потрага сте по малку баланс во животот. Ова е позитивен симбол, но вие во моментот сте на крстосница и се обидувате да одберете помеѓу две нешта. Можеби љубов или пари? Или кариера и семејство? Добро размислете, бидејќи враќање нема.
(О)Милена | Црнобело