Кокологија: Овој јапонски „тест со коцка“ ќе ви открие сè за вашиот карактер
Коцката го претставува вашето его
Доколку коцката ја замисливте како голема, тоа значи дека сте самоуверена личност. Доколку е мала, многу веројатно е дека сте срамежливи и скромни.
Доколку коцката е закопана во земјата, тоа значи дека сте личност која сака да планира и размислува за далечната иднина. Доколку коцката стои на песокот, тоа значи дека размислувате како бизнисмен.
Коцката што се движи означува дека вие сте личност што размислува неконвенционално.
Скалата ги означува вашите пријатели
Доколку сте замислиле како скалата ја допира коцката, тоа значи дека сте многу поврзани со пријателите и сметате на нивната поддршка. Доколку скалата не е до коцката, тоа значи дека повеќе сакате да сте независни.
Доколку скалата е под коцката, вашите пријатели ве гледаат како авторитет. Доколку коцката е на исто ниво со скалата, тоа значи дека сте еднакви со пријателите. Доколку скалата е над коцката, тоа значи дека пријателите ви се авторитет вам.
Доколку скалата е кратка, тоа значи дека претпочитате мал круг на пријатели. Доколку е долга скала, вие сте екстроверт со многу пријатели и познаници.
Коњот е вашиот идеален партнер
Доколку замисливте силен коњ за работа на нива, тоа значи дека вашиот идеален партнер е работлив и сигурен. Доколку замисливте поделикатен коњ, тоа значи дека вашиот партнер е некој што се гордее со својот изглед и сака да биде опсипуван со нежности.
Доколку коњот е далеку од коцката или се движи во спротивна насока, ова значи дека вие сте оддалечени од сегашниот партнер или далеку од тоа да го најдете идеалниот партнер.
Цвеќињата ги претставуваат вашите деца
Бројот на цветовите што го замисливте го претставува бројот на деца што сакате да го имате. Доколку цвеќињата се блиску до коцката, тоа значи дека сакате да бидете блиски со вашите деца или веќе имате деца.
Бурата ги претставува вашите стравови
Доколку бурата што ја замисливте се наоѓа во далечината, тоа значи дека живеете безгрижен живот. Ако бурата е блиску до коцката, значи дека сте спремни да се соочите со конфликт. Ако бурата е директно над коцката, вашите грижи ве мачат во моментот.
Дали сте задоволни од резултатите од тестот? Дали беа точни и дали научивте нешто повеќе за себе?
(О)Милена | Црнобело