Психолошки тест: Што ви претставува главна причина за стрес во моментот?
Пантер
Доколку најпрво ги забележавте пантерите, причината за вашиот стрес е вашата врска. Мислите дека ја губите поврзаноста со саканата личност, а понекогаш не ни знаете кон каде се движи врската.
Обидете се да се сетите како сте се чувствувале на почетокот на врската. А можеби, пак, сè што треба да направите е отворено да разговарате со партнерот.
Комуникацијата неретко е најдобрата алатка за решавање на проблемите.
Лавови
Вас ве мачат обврските што ги носите долго време. Толку многу се грижите за другите и сè останато, што почнувате да заборавате на себеси.
Можеби вашите пријатели сметаат дека сте силни и можете да се справите со што било, но вие се чувствувате преплавено и мислите дека ќе експлодирате во секој момент.
Важно е да знаете дека нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да бидете малку себични и да си покажете малку грижа и љубов.
Зебри
Вашата најголема грижа е вашето или здравјето на некој член од семејството. Грижата за здравјето е добра бидејќи ве мотивира да водите поздрав живот.
Но, доколку се претвори во анксиозност, тогаш може да настане проблем. Нема потреба да се грижите за нешто што не можете да го контролирате или промените. Хранете се здраво, вежбајте и уживајте.
Жирафи
Доколку најпрво ги забележавте жирафите, вие сте загрижени за вашата работа. Истовремено, чувствувате голема финансиска несигурност.
За жал, денес многу луѓе се соочени со притисок на работното место, а кога се зголемува конкуренцијата на пазарот, нештата стануваат потешки. Од друга страна пак, технологијата се развива брзо, па сите треба да научиме нешто ново за да бидеме во тек.
Доколку мислите дека вашето работно место се менува и бара некоја нова вештина, бидете искрени кон себе и признајте си на што би требало да поработите.
Сина птица
Овој период се чувствувате малку изгубено и осамено. Во модерното општество ја одржуваме комуникацијата преку пораки, мејлови и слики.
Ова е одлично, но некои луѓе толку многу се навикнати на виртуелната комуникација, што воопшто не им е удобно да разговараат со некого во живо.
Кога се чувствуваат изолирано или осамено, не знаат како да излезат од тој круг.
Птици
Доколку прво ги забележавте двете птици, се чувствувате осамено. Сакате да разговарате за вашите чувства, но страв ви е бидејќи мислите дека се незначајни.
Немојте да ги потиснувате вашите чувства и верувајте им на пријателите и семејството. Доколку нешто ве мачи, доволно е значајно за да разговарате за тоа. Веројатно отсекогаш сте биле независна личност и со текот на времето сте научиле да ги криете вашите вистински чувства.
Токму поради ова, вашите пријатели не се ни свесни дека ви се потребни. Не заборавајте дека споделувањето на чувствата не е знак на слабост.
Спирова С. | Црнобело