Тест кој ќе ви го открие вашиот најголем страв
1. Јаболко
Во многу митологии подарувањето јаболко е изјава на љубов. Тоа е затоа што во многу култури црвеното јаболко означува љубов и страст.
Доколку прво го забележавте јаболкото тоа значи дека веројатно преживувате длабоки романтични искуства и се плашите дека вашите чувства нема да бидат возвратени.
2. Дете
Децата се олицетворение на едноставноста, искреноста и невиноста. Тоа што прво сте го забележале детето, значи дека сте се поврзале со своето „внатрешно дете“.
Можеби во вас имате детски стравови кои останале. Тоа може да биде лутина кон некој од фамилијата, останато чувство на несигурност или недостаток на доверба во сопствените способности.
3. Кловнови
Фактот што двата кловна на двете страни од вратата ви се истакнале први значи дека се работи за поделеност на вашиот карактер, односно променливост на расположението и внатрешни несогласувања.
Овој вид на непредвидливост станува пречка, па понекогаш ни самите не знаете како ќе изреагирате на некои случки, а таа несигурност ве плаши.
4. Пајак
Илјадници години пајакот важи за симбол на смртта и уништувањето, односно конечноста на сè што постои. Доколку прво сте го забележиле пајакот, тоа значи дека сте во тешка животна ситуација.
Нешто ви се заканува во животот, а заради тоа се наоѓате во состојба на нервна напнатост и се плашите дека нема да можете да го решите тој проблем.
5. Череп
Илустрацијата содржи оптичка илузија и доколку веднаш сте го забележале черепот, тоа значи дека се плашите од смртта и често мислите на неа. Ова може да е последица на губење на некоја блиска личност.
Можеби имате и панични напади, но не мора да значи дека истите се поврзани само со смртта. Сепак тоа значи дека изворот на тие стравови го доживувате како закана дека ќе доживеете неуспех.
(О)Милена | Црнобело