Брз и прецизен тест кој го открива карактерот - Што видовте прво на сликата?
Ако прво видовте дрво
Дрвото можеби се истакнува најмногу, бидејќи на некој начин ја обликува сликата. Но, многу малку луѓе го забележуваат дрвото прво.
Вие најдобро се опишувате како логичари. Ја барате смислата на сите нешта околу вас и секогаш му верувате на својот мозок. Не му дозволувате на срцето да ја преземе контрола. Ова е навистина многу добра карактеристика што се однесува до работното место, бидејќи таму е потребно да се носат рационални и добро промислени одлуки.
Но, кога ќе се сврти другата страна на паричката, вие кои прво го забележавте дрвото подигнувате ѕид пред сопствените емоции и не умеете слободно да се искажете. Кога премногу се потпирате на логиката ја ограничува можноста за фантазирање и сонување. Сосема природно, ќе започнете да посакувате само работи кои ви изгледаат возможни, а не и работи кои може да се остварат со многу труд, но и малку среќа и имагинација.
Не си го дозволувате второто, затоа што сте премногу уплашени да преземате ризици. Спонтаноста не е вашата силна страна. Иако сте одлични лидери и вашето менторство им овозможило на многу луѓе да си ги остварат соништата, вам лично ви недостасува сопствен мотиватор и поддршка, некој кој ќе ве бодри.
Не плашете се од непознатото, никогаш не знаете што се крие зад затворената врата. Единствениот начин да дознаете е да ја прифатите шансата. Дури и доколку доживеете неуспех, не заборавајте дека секогаш може да се вратите во играта.
Ако прво видовте горила
Луѓето кои први забележаа горила се борат со лични проблеми поврзани со сопствената самодоверба. Премногу сте строги и критички настроени кон себеси и си поставувате многу високи стандарди. Искрено, тие се и превисоки за достигнување.
Не си ги простувате ниту најмалите грешки. Работите неуморно и постојано без пауза, дури и кога телото и умот ви плачат за мала пауза.
Но, добрата работа кај вас е вашата љубопитност и константната желба за учење. Тоа ве дели од останатите околу вас, тие само гребат по површината на нештата, а вие сакате да стигнете до јадрото.
Без разлика за која тема ќе се одлучите, ќе бидете посветени и одлично фокусирани. Верувате дека учењето не престанува никогаш и ви предизвикува задоволство кога знаете многу повеќе работи од другите луѓе. Но, на овој начин се приближувате до работа на гордољубивоста. Иако знаете многу повеќе работи од другите луѓе, не треба премногу да се фалите.
Никој не ги сака фалбаџиите и нарцисоидните луѓе. Во одреден момент можно е да мислите дека знаете сè. На овој начин го вртите грбот на знаењето и наместо да држите отворен ум, вие се затворате во сопствената перспектива на нештата, каде што сте апсолутен господар и царувате.
Ако прво видовте лав
Лавот го забележуваат оние луѓе кои се истакнуваат со бестрашен дух и слобода. Вие сте човек кој функционира исклучиво со помош на претчувствата и внатрешните импулси.
Не го трошите времето во претерано анализирање, им дозволувате на инстинктите да владеат со вас. Зарем не преживеавте доволно долго само со нивната помош во џунглата? Се поставувате над правилата и границите и водите живот исполнет со авантури. Но, често пати заборавате на другите околу вас.
Понекогаш ги повредувате блиските луѓе, иако не сте имале таква намера. Не сте злобни по природа, но заборавате дека со вашата забава може да повредите нечии чувства или туѓа сопственост.
Нишаните високо и имате амбиции кои ги остварувате на тој начин што ја фокусирате енергијата на најпродуктивниот можен начин. Кога ќе наумите ништо, никогаш не ги оставате работите на половина пат.
Никогаш нема да отстапите од предизвик, макар значело дека ќе изгубите нешто лично. Невнимателни сте, но тоа не ви е многу битно, сè додека ги правите работите онака како што сте си замислиле.
Треба да научите да комуницирате подобро со другите луѓе, да ги вклучувате во активностите и да учите од нив. Ова ќе ви помогне да ги остварите сопствените цели со многу помали загуби.
Ако прво видовте риба
Ова е најмалку забележливото животно на сликата, а малкумина се и луѓето кои прво ќе видат риби. Вие одлично умеете да се слеете со толпата, но сепак не останувате незабележани. Остварувате одлична комуникација со секој што ќе го запознаете. Се однесувате коректно кон сите, го сакате животот и им посакувате сè најдобро на сите околу вас.
Сепак, мора да бидете свесни дека не се сите како вас, кои размислуваат несебично и умеат да сакаат бесконечно и искрено. Но, иако често пати ве изневеруваат, вие не се разочарувате. Не се откажувате, силно верувате во карма и во изреката „Сè се враќа, сè се плаќа“.
Ја црпите енергијата од природата, го живеете својот живот до максимум. Го цените секој момент од животот и убедени сте дека секој ден може да биде магичен, доколку знаете сами да го направите таков.
(О)Милена | Црнобело